BK-StirolFix 1

Високо-флексибилно лепило за лепење на EPS,EPS G,XPS и MW плочи и вметнување арматурна мрежа.

BK-StirolFix 1

Калкулатор на потрошувачка

Потребни Ви се kg од овој производ

Примена

Mинерално флексибилно лепило наменето за лепење на плочи од стиропор  (EPS плочи), графитен стиропор (EPS G плочи), како и за плочи од минерална волна (MW плочи), на цврсти фасадни површини, како и за вметнување на арматурна мрежичка и за израмнување на целата фасадна површина. BK-StirolFix 1 се користи како лепило за лепење и како базен слој, т.е. лепило за армирање во рамките на двата Bekatherm термоизолациски системи (Bekatherm Standard систем со EPS термоизолациски плочи и Bekatherm Prestige со MW плочи).

Подготовка и нанесување

Подлогата врз која се нанесува лепакот треба да е цврста, чиста, носечка, без нечистотии и остатоци од масла или бои. Мазните, слабо апсорбирачки бетони, со остатоци од нечистотии, неопходно е да се исчистат со млаз врела вода, а потоа да се изврши грундирање со BK-Beton Kontakt, ден пред лепење на EPS плочите. Во случај на лепење на EPS плочи на ѕидови од гас-бетон се препорачува премачкување со BK-Nivelator според упатството за употреба. Прашокот се додава во околу 26-28% вода  ( 25kg прав во околу 6,5-7l вода)  дури не се постигне целосна хомогенизација. Смесата треба да одстои 10-тина минути, а потоа пак да се промеша за да се добие соодветна густина на лепакот. Така подготвен, лепакот се нанесува врз термоизолационите плочи (по рабовите на EPS плочата и точкасто по средината), а потоа плочите се залепуваат со притискање врз подлогата. За израмнување, лепакот се нанесува со помош на назабена челична глетарка (големина на заб 8-10 mm) врз површина која претходно е исчистена од прашина, а потоа на така нанесениот свеж лепак се втиснува арматурната мрежа од горе надолу (мин. 10 cm преклоп на мрежата). Откако ќе се исуши, целата површина повторно се зарамнува со нов слој на лепак, со што вкупната дебелина на армираниот слој на лепак треба да изнесува 4-5mm. Лепакот да се заштити од премногу брзо сушење и од замрзнување. При лепењето на MW плочи потребно е целата површина на плочата да се премачка со тенок слој од лепак. Потоа се нанесува лепак по периферијата на MW плочата и три топки на средината. При понатамошната работа почитувајте ги истите правила споменати во делот лепење на EPS плочи. За подетални упатства да се погледне во техничкиот лист за производот.

Технички податоци

Oптимални временски услови: температура на подлогата и на воздухот да биде +5°C до +30°C. Moжност за вметнување на арматурна мрежичка: по минимум 48 часа. Можност за примена на завршни слоеви: по минимум 7 дена.

Проценка за потрошувачка на материјалот

за лепење околу 5-6 kg/m2 и за рамнење 5-7 kg/m2  во зависност од квалитетот на подлогата, типот на термоизолациониот материјал кој се користи и сл. се однесува на потршувачката.

Рок на траење и складирање

12 месеци во оригиналната амбалажа во сув простор подигнато на палети.

Пакување

25 kg.