BK-StirolFix Special

Високо-флексибилно лепак за лепење на EPS,EPS G,XPS и MW плочи и вметнување арматурна мрежа.

BK-StirolFix Special

Калкулатор на потрошувачка

Потребни Ви се kg од овој производ

ПРИМЕНА

Mинерален, високо флексибилен полимер-цементно лепак наменето за лепење на плочи од експандиран (EPS плочи) и екструдиран (XPS плочи) полистирен, за лепење на плочи од графитен ситропор и минерална волна (MW плочи), на различни минерални подлоги, како и за вметнување на арматурна мрежичка и израмнување на целата фасадна површина. BK-StirolFix Special се користи како лепак за лепење на како базен слој, те. лепило за армирање во рамките на Bekatherm Prestige термоизолацискиот систем.

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ

Подлогата врз која се нанесува лепакот треба да е цврста, чиста, носечка, без нечистотии и остатоци од масла или бои. Мазните, слабо апсорбирачки бетони, со остатоци од нечистотии, неопходно е да се исчистат со млаз врела вода, а потоа да се изврши грундирање со BK-Beton Kontakt, ден пред лепење на EPS плочи. На нови ѕидови од цигли не е неопходно да се нанесува темелен премаз. Во случај на лепење на EPS плочи на ѕидови од гас-бетон се препорачува премачкување со BK-Nivelator според упатството за употреба. Подготовка: прашокот се додава во околу 26-28% вода ( 25kg прав во околу 6,5-7l вода) додека не се постигне целосна хомогенизација. Смесата да одстои 10-тина минути, а потоа пак да се промеша за да се добие соодветна густина на лепакот. Така подговен, лепакот се нанесува врз термоизолациони плочи (по рабовите на EPS плочата и три топки во средината на плочата), а потоа плочите се залепуваат со притискање врз подлогата. По мин. 48 ч пристапете кон типлување на типли со метално јадро, што е задолжителен чекор во системот со MW. По типлувањето потребно е преку целата површина на плочата да се нанесе многу тенок слој на лепило, кое се суши околу 4 ч. При армирање на мрежичката лепилото се нанесува на целата површина на плочата со назабена глеталка (длабочина на забите 8-10 mm). Во така нанесеното свежо лепило се става арматурната мрежичка (мин. 10 cm преклопување меѓу лентите). Целата површина по сушењето се израмнува со нов слој на лепило. Вкупната дебелина на завршниот слој на лепилото треба да изнесува 5-6 mm. При лепењето на MW плочи потребно е целата површина на плочата да се премачка со тенок слој од лепак. Потоа се нанесува лепак по периферијата на MW плочата и три топки на средината. При понатамошната работа почитувајте ги истите правила споменати во делот лепење на EPS плочи. Лепилото треба да се заштити од пребрзо сушење и замрзнување. За подетални упатства видете го техничкиот лист на производот.

ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ

Oптимални временски услови: температура на подлогата и на воздухот да биде +5°C до +30°C. Moжност за вметнување на арматурна мрежичка: пó минимум 24 часа. Можност за примена на завршни слоеви: пó минимум 7 дена.

ПРОЦЕНКА ЗА ПОТРОШУВАЧКА НА МАТЕРИЈАЛОТ

за лепење околу 5.5-6 kg и за рамнење 5-7 kg во зависност од квалитетот на подлогата, типот на термоизолациониот материјал кој се користи и сл. се однесува на потршувачката.

РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ

12 месеци во оригиналната опаковка во сув простор подигнато врз палети.

ПАКУВАЊЕ

25 kg.