BK-StirolFix WDVS

Лепак за лепење на EPS и MW плочи и вметнување арматурна мрежичка.

BK-StirolFix WDVS

Калкулатор на потрошувачка

Потребни Ви се kg од овој производ

ПРИМЕНА

За лепење на термоизолациони плочи од стиропор врз цврсти фасадни површини, за вметнување арматурна мрежичка и за рамнење на цели фасадни површини, како и за лепење на табли од минерална волна. BK-StirolFix WDVS се користи за лепење на термоизолациони плочи во рамките на Bekatherm Standard системот за термоизолација, односно за лепење на MV плочи во рамките на Bekatherm Prestige системот за термоизолација.

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ

Подлогата на која се нанесува лепакот треба да е цврста, чиста, носечка, без нечистотии и остатоци од масла и бои. Подготовка: прашокот се додава во околу 26-28% вода ( 25kg прав во околу 6,5-7l вода) дури не се постигне целосна хомогенизација. Смесата да одстои 10-тина минути, а потоа пак да се промеша за да се добие соодветна густина на лепакот. Така подговен, лепакот се нанесува врз термоизолационите плочи (по периферијата на плочата и точкасто по средината, со топки од околу 10 cm), а потоа плочите се залепуваат со притискање врз подлогата. Кога се користи за армирање, лепакот се нанесува врз стиропорот кој претходно е исчистен од прашина, со помош на назабена глетарка (големина на заб 8-10mm), а потоа арматурната мрежичка се вметнува во свежо нанесениот лепак (преклоп од мин. 10 cm). Откако ќе се исуши, целата површина се израмнува со нов слој на лепак, со што вкупната дебелина на армираниот слој на лепак да изнесува 4-5mm. Лепакот да се заштити од премногу брзо сушење и од замрзнување. При лепењето на MW плочи потребно е целата површина на плочата да се премачка со тенок слој од лепак. Потоа се нанесува лепак по периферијата на MW плочата и три топки на средината. При понатамошната работа почитувајте ги истите правила споменати во делот лепење на EPS плочи. За подетални упатства да се погледне во техничкиот лист за производот.

ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ

Oптимални временски услови: температура на подлогата и на воздухот да биде +5°C до +30°C.

Moжност за вметнување на арматурна мрежичка: по 48 часа.

Можност за примена на завршни слоеви: по 7 дена.

НОМИНАЛНА ПОТРОШУВАЧКА НА МАТЕРИЈАЛОТ

за лепење околу 5-6,5 kg и за израмнување 5-6 kg во зависност од квалитетот на подлогата, типот на термоизолациониот материјал кој се користи и сл. се однесува на потршувачката.

РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ

12 месеци во оригиналната амбалажа во сув простор подигнато на палети.

ПАКУВАЊЕ

25 kg.