BK-StirolFix White

Бел флексибилен лепак за вметнување арматурна мрежа.

BK-StirolFix White

Калкулатор на потрошувачка

Потребни Ви се kg од овој производ

ПРИМЕНА

Минерален лепак врз база на бел цемент наменет за вметнување арматурна мрежичка и за рамнење на цели фасадни површини. BK-StirolFix White се користи како основен слој, те. лепак за армирање во рамките на Bekatherm Standard термоизолацискиот систем. BK-StirolFix White може да се користи и за лепење на термоизолациски плочи oд EPS и MW.

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ

Прашокот се додава во околу 26-28% вода ( 25kg прав во околу 6,5-7l вода) додека не се постигне целосна хомогенизација. Смесата треба да одстои 10-тина минути, а потоа пак да се промеша за да се добие соодветна густина на лепакот. Така подговен, лепакот се нанесува врз термоизолациони плочи (по периферијата на плочата и точкасто по средината, со топки од околу 10 cm), а потоа плочите се залепуваат со притискање врз подлогата. За армирањето, лепакот се нанесува со помош на назабена челична глетарка (големина на заб 8-10 mm) врз површината која претходно е исчистена од прашина. Потоа арматурната мрежичка се вметнува во свежо нанесениот лепак (преклоп од мин. 10 cm). Откако ќе се исуши, целата површина се израмнува со нов слој на лепак. Лепакот да се заштити од пребрзо сушење и од замрзнување. За подетални упатства да се погледне во техничкиот лист за производот.

ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ

Oптимални временски услови: температура на подлогата и на воздухот да биде +5°C до +30°C. Moжност за вметнување на арматурна мрежичка: по минимум 48 часа. Можност за примена на завршни слоеви: по минимум 7 дена.

ПРОЦЕНКА ЗА ПОТРОШУВАЧКА НА МАТЕРИЈАЛОТ

за лепење околу 5-6,5 kg/m2 и за рамнење 5-7 kg/m2 , типот на термоизолациониот материјал кој се користи и сл. се однесува на потршувачката.

РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ

12 месеци во оригиналната амбалажа во сув простор подигнато на палети.

ПАКУВАЊЕ

25 kg.