BK-Terofa

Фасаден минерален малтер за прскање на ѕидови

BK-Terofa

Калкулатор на потрошувачка

Потребни Ви се kg од овој производ

ПРИМЕНА

Минерален тенкослоен малтер на варово-цементна основа со карактеристична структура на прскан малтер. Наменет за сите подлоги од варово-цементни и цементни малтери, за надворешна и внатрешна употреба.

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ

Подлогата врз која малтерот ќе биде нанесен мора да биде цврста, чиста и сува, без слабо врзани делови, масни дамки и сл. Пред нанесувањето на малтерот, на подлогата потребно е да се нанесе BK-Grund Universal. Во случај на високо абсорбирачки подлоги, се препорачува нанесување на BK-Nivelator, додека во случај на слаби и трошни подлоги потребно е на површината да се нанесе BK-Penetrat пред нанесувањето на малтерот. Времето потребно за сушење на подлогата пред нанесување на малтерот изнесува мин 12 ч. Подготовка: во малтерот се додава околу 28% вода ( 25kg прав во околу 7 l вода), со силно мешање додека смесата не стане хомогена, потоа се остава да одстои 10-тина минути и пак се меша. Смесата се нанесува со прскање така што целата површина се прекрива во два слоја, со помош на фасадерски еж. Вториот слој се нанесува врз делумно исушен прв слој. За подетални упатства да се погледне во техничкиот лист за производот.

ПРИМЕНА НА ПРОИЗВОДОТ НА ТЕМПЕРАТУРА

Од +5°C до +30°C. Да не се работи при директно сончево зрачење, за време на дожд ниту при силен ветер.

ПОТОШУВАЧКА

Околу 3,0-4,0 kg/m², во зависност од саканата структура и квалитетеот на подлогата.

РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ

12 месеци во оригиналната амбалажа во сув простор подигнат на палети.

ПАКУВАЊЕ

25 kg.