BK-WOOD EFFECT

Декоративен минерален малтер со ефект на дрво

BK-WOOD EFFECT

Калкулатор на потрошувачка

Потребни Ви се kg од овој производ

ПРИМЕНА

BK-Wood Effect е минерален малтер наменет за декоративна заштита на внатрешни и надворешни површини. Се карактеризира со одлична адхезија на минерални површини, исклучителна водоотпорност и отпорност на временски влијанија и УВ зрачење. Има висока паропропустливост и одлична отпорност на развој на микроорганизми. BK-Wood Effect се произведува исклучиво во бела боја, а дополнително се бои со транспарентниот премаз BK-Velatura или BK-AquaLasur, најмалку по 24 часа сушење при нормални услови.

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ

Површината на која се нанесува малтерот мора да биде рамна, сува, чиста, без слабо врзувачки делови, прашина, водорастворувачки соли, масти и останати нечистотии, кои можат да спречат добра адхезија на подлогата. Соодветни подлоги се цементно-варовен малтер, арматурен слој на термоизолациски системи, гипс картонски и цементно-влакнести плочи. Пред нанесување на декоративниот малтер подлогата да се премачка со BK-Grund Universal. Подготовката на масата се врши со додавање на прав во околу 25% вода до добивање на хомогена маса без грутчиња (за 20 kg прав потребни сe ~5l вода). Maсата оставете ја да отстои 10-15 минути, пред нанесување уште еднаш да се измеша и по потреба да се додаде вода за прилагодување на конзистенцијата. Подготвената маса да се потроши во рок од 2 часа. BK-Wood Effect се нанесува во два слоја со нерѓосувачка глетарка. Првиот слој се нанесува рамномерно во приближна дебелина од 1-2 mm. Вториот слој се нанесува по целосното сушење на првиот (околу 6 часа при сушење на нормални услови) во дебелина од 2-3 mm.

Креирањето на текстура на природно дрво се врши со втиснување на гумениот калап Decor калуп Wood Effect во малтерот во моментот кога материјалот се стврднува до степен да не е леплив на допир. Oптимално време за кое треба да се пристапи кон осликување на структура е од 30-40 минути при нормални услови за работа. За да се постигне со гумениот калап целосно ефект на дрвена даска неопходо е пред втиснувањето калапот да се премачка со средство за лесно одделување на калапот од малтерот BK-Wood Effect Extra. По секое втиснување да се нанесе со четка нов слој премаз и по потреба механички да се отстранат остатоците од декоративниот малтер од калапот. Недостатокот или недоволното количество на средства за лесно отстранување на калапот може да доведе до лепење на калапот за малтер, чупање на масата и лош краен ефект.

Кога материјалот површински ќе се исуши (околу 2-3 часа при сушење на нормални услови) со соодветниот алат може да се формира изглед на фугни на составите на калапот. За подетални упатства погледнете го техничкиот лист на производот.

TEМПЕРАТУРНИ ПРИМЕНИ

Teмпературата на воздухот и подлогата при вградување треба да биде во опсег од +5 ºC дo +30 ºC. Да не се работи на директно сонце, магла, ветар и дожд.

ПОТОШУВАЧКА

Oколу 2.5-2.7 kg/m2 во зависност од техниката и дебелината на наносот.

РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ

18 месеци во оригинално спакувана амбалажа. Да се складира на температура од +5°C дo +25°C, во сува и проветрена просторија. Датумот на производство е втиснат на амбалажата.

ПАКУВАЊE

20kg