Со малку инспирација, ѕидовите можат да бидат најголем украс на вашиот дом. Ослободете ја својата креативност и направете оригинален амбиент со неколку едноставни и лесно изводливи решенија кои ќе ви помогнат во реализацијата на идејата. Како инспирација во продолжение може да најдете предлог за боење на ѕидовите кои ќе му дадат посебен шарм и личен печат на омиленото катче во вашиот дом.
Пред почетокот со работа потребно е да се подготви:
– BK-Gold во потемна нијанса по ваш избор, а на примерот е користена нијансата B-2375.
– BK-Gold во посветла нијанса по ваш избор, на примерот е B-2378. Доколку не сте во можност да набавите посветла нијанса, сличен ефект како на примерот можете да добиете доколку одвоите настрана дел од темната боја, додадете малку BK-Gold во бела боја и промешате добро за да се осветли нијансата.
– Валјак за боење
– Четка за боење
– Хартиена самолеплива лента
Откако ќе го обезбедите целиот неопходен материјал и алат, можете да почнете со реализација на идејата.