Кои се предностите од вградувањето на квалитетна фасада?

Кои се предностите од вградувањето на квалитетна фасада?

Кои се предностите од вградувањето на квалитетна фасада?

Кои се предностите од вградувањето на квалитетна фасада?

Заштеда со помош на квалитетна фасада

Што би значела за Вашиот домашен буџет заштедата на трошоците за греење и ладење дури и до 40%? Од месец во месец, недостатокот на квалитетна фасада е главна причина за високите трошоци за греење и ладење. Според извештајот на Aгенцијата за енергетика на Република Србија, сопствениците на семејни куќи за греење на станбен простор од 100 m2 трошат во распон oд 33.350 д59.947 MKD годишно. Toа е во просек околу 46.648 MKD по грејна сезона или речиси 1.168.756 МKD за период од 25 години. Кога ќе се додадат трошоците за ладење, цифрите се уште поголеми.

Податоците од Mинистерството за рударство и енергетика напоменуваат дека повеќе од 70% од куќите во Србија немаат квалитетна, a најчесто и никаква термоизолација на фасадата. Поради неквалитетните фасадни системи дури 40% од енергијата за греење и ладење непотребно се троши и растура. Тоа е загуба од околу 7.736 MKD по домаќинство годишно, а Србија има 2.487.880 домаќинства. Кога не е квалитетна термоизолацијата, парите „течат низ ѕидовите“.

Безбедност од надвор, топлина внатре

За да избегнете непријатни искуства и ситуации, неопходно е пред сѐ да имате предвид дека лошото вградување на фасадата може да предизвика бројни проблеми.

Неправилно вградениот или неквалитетен термоизолационен фасаден систем може дополнително да му нанесе штета на сопственикот на објектот и да произведе недоволна заштеда на трошоците во однос на вложената инвестиција – што е двојна загуба. Во случај на неквалитетна фасада проблемите како нестабилна температура и влага во домот, конденз по ѕидовите, мувла во ќошевите, појава на ладни мостови или нарушен изглед нема да бидат решени.

Неправилно вградениот термоизолационен фасаден систем тешко може локално да се санира. Најчесто, во целост мора да се повтори целосното вградување. Неадекватната термоизолација, без сертифицирани материјали не подлежи на гаранција, со што се исклучува евентуалната поддршка на производителот во техничка смисла, како и санација на проблемот. Значи, лошиот и неправилно вграден фасаден систем може да Ви донесе повеќе штета отколку корист.

Според тоа, за пријатен престој во Вашата куќа од најголема важност е квалитетната термоизолација. Квалитетно изолираната куќа во зима е топла, а во лето е заштитена од прекумерно загревање. Нема појава на конденз и мувла, гаранциите на проиводителите траат и до 25 години.

Сè во едно

Квалитетниот термоизолационен фасаден систем ги штеди Вашите пари и сметките ги намалува за 10 дo 40% месечнo. Со него, животниот век на Вашата куќа станува значително подолг, а вредноста на недвижноста се зголемува. Сертифицираниот фасаден систем подлежи на гаранција на производителот, а треба да се има предвид и позитивното влијание на животната средина. Пред сè, главна предност на квалитетните фасадни системи лежи во фактот дека се работи за решение без недостатоци.

Доколку сте сопственик на семејна куќа, зошто непотребно да ги расфрлате своите пари доколку не морате?

Bekatherm термоизолациониот фасаден систем еднаш ќе го вградите, a тој за Вас долгорочно ќе работи на заштеда на трошоците за греење и ладење.

Oтсуството на фасадна термоизолација доведува до непотребно трошење на енергентите и придонесува за загадување на воздухот кој секојдневно го дишемe. Се зголемува емисијата на CO2, како и потрошувачката на ограничените природни ресурси.

Значи, со примена на квалитетна термоизолација се доаѓа и до позитивно влијание на животната средина

ПРАШАЊЕТО КОЕ ПРОИЗЛЕГУВА ОД СЕТО ОВА Е ШТО Е КВАЛИТЕТЕН ФАСАДЕН СИСТЕМ? ЗОШТО Е ТОЈ ТОЛКУ ВАЖЕН? КОИ СЕ НЕГОВИТЕ ГЛАВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ И ПРЕДНОСТИ?

Квалитет кој трае со децении

Квалитетен фасаден систем, пред сè, е систем од реномиран производител кој ги задоволува сите услови пропишани со Правилникот за енергетска ефикасност на згради. Како регионален лидер во производството на завршни градежни материјали, Bekament во својата понуда има повеќе фасадни системи со напредни термоизолациони карактеристики. Како такви, овие фасадни системи можат успешно да одговорат на сите барања на регулативи, корисници и пазари. Тоа го потврдуваат бројните сертификати кои ги поседува компанијата, како и повеќе илјади задоволни купувачи во преку 10 земји од ЕУ и регионот.

Покрај тоа, обуките и тренинзите претставуваат темел на повеќедеценискиот успех на компанијата. Во Bekemant тренинг центарот преку 2.000 фасадери и останати изведувачи на работата секоја година стекнуваат професионална обука и едукација во областа на завршните градежни работи. Покрај сертифицираните производи, компанијата Bekament обезбедува и професионална техничка поддршка при избор на материјалите.

Eфект на вистинските материјали

Секој систем претставува многу повеќе од прост збир на делови. Малите работи прават големи разлики. Затоа Bekatherm термоизолационите фасадни системи се состојат од меѓусебно ускладени материјали со највисок квалитет. Покрај изолационите плочи, фасадниот систем составен е и од минерално лепило за лепење, стаклена мрежичка за армирање, аголни лајсни, основен премаз и завршен фасаден малтер.

Во понудата има Bekatherm фасадни системи:

Bekatherm Standard White e најпродаван фасаден систем и подразбира најисплатливо решение за термоизолација на фасади. Погоден е за сите видови на подлоги. Може да се користи за сите нови и стари објекти. Основата на овој систем составена е од изолациона плоча од експандиран полистирен EPS – стиропор. Правилно вградениот термоизолационен фасаден систем се карактеризира со отпорност на УВ зрачење и атмосферски влијанија, брзо и лесно вградување како и исклучителна обработливост на материјалите, а завршниот фасаден малтер нуди широка палета на нијанси. Сите компоненти од Bekatherm Standard White фасадниот систем се ETA сертифицирани со гаранција до 25 години.

Bekament Standard Graphite фасадниот систем има 20% подобри термоизолациони својства во однос на термоизолацијата со изолациони плочи од бел стиропор. Основата на овој систем е изолациона плоча од графитен стиропор. Правилно вградениот термоизолационен фасаден систем се карактеризира со одлична водоотпорност, исклучителна обработливост и едноставо вградување на материјалот. Сите компоненти на Bekatherm Standard Graphite фасадниот систем се ETA сертифицирани со гаранција до 25 години.

Bekatherm Prestige e фасаден систем со висок квалитет. Основата на овој систем е изолациона плоча или ламела од минерална (камена) волна. Се карактеризира со A2 класа на негорливост, oдлична паропропусност и звучна изолација. Сите компоненти на Bekatherm Prestige фасадниот систем се ETA сертифицирани со гаранција до 25 години.

Bekatherm Plus e систем кој се карактеризира со одлична водоотпорност, отпорност на механички удари, како и на УВ зрачење и атмосферки влијанија. Кај семејните куќи најчесто се користи за изработка на цокле. Основата на овој систем е изолациона плоча изработена од екструдиран полистирен (стиродур).

Со важноста на правилното вградување на термоизолациониот фасаден систем можете да се запознаете и преку едукативниот и содржински видео материјал (туторијал) во кој јасно, прецизно и конкретно се објаснува овој процес.

 

Дали сакате да дознаете повеќе? За дополнителните информации во врска со фасадните системи, цената и начинот на вградување, јавете му се на професионалниот тим за техничка поддршка на Bekament на 034 677 75 00 и +38978342894

Ве повикуваме на нашите социјални мрежи Facebook / Instagram да споделите, според Вас, кои се предностите на квалитетна фасада?

Дали Ви се допаѓа текстот? Споделете го со своите пријатели.

We use cookies to personalise content and ads, to provide social media features and to analyse our traffic. We also share information about your use of our site with our social media, advertising and analytics partners who may combine it with other information that you’ve provided to them or that they’ve collected from your use of their services.
We use cookies to personalise content and ads.