Што е најважно при избор на завршниот фасаден малтер?

Што е најважно при избор на завршниот фасаден малтер?

Што е најважно при избор на завршниот фасаден малтер?

Што е најважно при избор на завршниот фасаден малтер?

Фасадниот малтер претставува завршен слој на секоја фасада и токму тој обезбедува пријатен и свеж изглед на зградата, без разлика дали станува збор за станбени единици или деловни простории.

Затоа, кон изборот на фасаден малтер треба да се пристапи со посебно внимание и со задолжителна помош на експерт кој ќе ги посочи неговите бројни технички карактеристики и предности.

Преку овој блог ќе се обидеме да Ви приближиме некои од карактеристиките на фасадниот малтер и да укажеме на нивните меѓусебни разлики во зависност од составот, гранулацијата, водоотпорноста и паропропустливоста. Исто така, ќе Ве запознаеме и со терминологиите „рапави“ и „мазни“ структури на фасадни малтери, а ќе се обрнеме внимание  и на временските услови во кои е пожелно да се нанесува фасадниот малтер.

Видови на фасадни малтери

Видот на фасадниот малтер зависи од базата од која се прави. Постојат пет вида на фасадни малтери. Toа се: 1) aкрилни, 2) силикатни, 3) силиконски, 4) силикатнo-силиконски и 5) минерални (варовнo-цементни). Клучната разлика меѓу нив е во паропропустливоста, еластичноста, отпорноста на валкање, но и видот на подлогата на која се применуваат.

Пред изборот на фасаден малтер, потребно е да проверите дали е во рамките на фасадниот систем користена плоча за термоизолација од стиропор, графитен стиропор, камена волна или се работи за ѕид од термо-блокови или за ѕид изработен по принципот „сендвич-ѕид“ или „ѕид од полна цигла“, со оглед на тоа дека не е секој вид на фасаден малтер соодветен за секоја подлога. Подлогата на која се нанесува мора да биде цврста, чиста, сува и премачкана со прајмер.

Важно е да се напомене дека прајмерот, плочата за термоизолација и декоративниот фасаден малтер мора да бидат меѓусебно ускладени по своите карактеристики за паропропустливост.

Во нашата градежна индустрија, за фасади на семејни куќи и други градежни објекти, најмногу се применува акрилен фасаден малтер. Тој се користи во 60% дo 80% случаи во домашната пракса и тоа кај контактни фасади со стиропор.

Кога зборуваме за силикатни, силиконски или силикатно-силиконски малтери, тие се применуваат на контактни фасади каде како плоча за термоизолација се користи камена волна. Доколку е фасадата од темо-блок или се работи за „сендвич-ѕид“, се препорачуваат фасадни малтери на база на силикати или на минерална основа.

Гранулација, естетика и потрошувачка

Од аспект на техничките карактеристики, не постојат круцијални разлики помеѓу фасадните малтери со различни гранулации. Клучната диференцијација е во постапката на изведување и во потрошувачката на материјалот, односно цената.

Во примена е најчестата гранулација од 1.5 mm која подразбира најдобар однос на цената, потрошувачката и квалитетот. Големите гранулации од 2.5 или 3.0 mm се полесни за вградување и подобро ги прикриваат нерамнините на фасадата. Поголемата гранулација на зрната бара и поголема потрошувачка на материјалот (kg/m2). Покрај тоа, поголемата гранулација поради својата грубост побрзо се валка.

Што се однесува до естетиката, поголемата гранулација на декоративниот фасаден малтер (2.0 mm) дава погруб и рустичен изглед на фасадата, додека со ситната гранулација (1.0 mm) се постигнува ефект на исклучително мазна површина.

Што се однесува до палетата со бои, фасадните малтери можат да се тонираат во широк спектар на нијанси. Се препорачува во примената да се користат посветли тонови на фасадата. За тоа постојат рационални причини. Потемните бои апсорбираат повеќе топлинска енергија од светлите бои. Последично, тоа може да предизвика значителни напори во фасадниот малтер при загревање и ладење, и создавање на пукнатини на фасадата.

Затоа при избор на фасаден малтер треба да се следи вредноста на светлосна јачина која се означува со „Y“ и искажана е на тон картата на произведителот.

„Рајбуван“ или „Фул“

Фасадниот малтер може да има две основни структури. Тоа се: 1) „рајбуванa“ или „рапавa“ површина и 2) „фул“ или „мазнa“ површина, a изборот на едната или другаа структура зависи од личните естетски преференци.

Важно е да знаете дека разликата во структурата не значи и разлика во квалитетотЗначи, „рајбуван“ и „фул“ фасадниот малтер имаат исти карактеристики наведени во техничкиот лист на произведувачот. Клучната разлика е во изгледнот на површината каде што „рајбуваната“ структура е погруба во однос на „фул“ која е мазна.

Постигнувањето на посакуваната структура се врши во текот на изведувањето на фасадерските работи, додека малтерот не е целосно сув. За оваа фасадна техника се користи метална или пластична глеталка.

Водоотпорност и паропропустилвост

Водата и пареата се најчести причинители на оштетувања на фасадата. Водоотпорноста претставува способност на материјалот да не ја впива водата во сите нејзини агрегатни состојби (дожд, снег или мраз), и го спречува нејзиното навлегување во другите слоеви на фасадниот систем.

Од друга страна, паропропустливоста е способност на материјалот пареата од внатрешниот простор да ја пропушта од правец „од внатре нанадвор“. Oвој фактор овозможува фасадата да „дишe“. Кога e паропропустливоста на високо ниво, нема појава на кондензација, влага во просториите, па со самото тоа нема ни услови за создавање на мувла по ѕидовите, а тоа овозможува здрава и квалитетна микроклима.

Најмала паропропустливост имаат акрилните фасадни малтери, а многу поголема имаат фасадните малтери на база на силикони или силикати.

Кога е вистинско време за вградување?

Вградувањето на фасаден малтер се препорачува во рана пролет или доцна есен кога постојат оптимални временски услови за работа.

Eкстремните временски услови, како што се висока влажност на воздухот, директно сонце, дожд, силен ветар и ниски температури, можат значително да го продолжат времето потребно за врзување на малтер. Во таквите услови не се препорачува негово вградување затоа што завршниот фасаден слој може премногу брзо да се исуши, да се натопи со вода или да испадне од ѕидот.

Во летните месеци пожелно е да се вградува фасаден малтер или во раните утрински или во доцните попладневни часови кога е температурниот распон од +5°C дo +30°C и тоа на онаа страна на објектот која е во сенка.

За детални инормации, се препорачува да консултирате стручно лице од секторот Техничка поддршка на компанијата Bekament, a за да ги добиете сите неопходни информации за технички правилната примена на завршниот фасаден малтер во рамките на термоизолациониот фасаден систем кој се вградува.

За кои производи да се одлучите?

Компанијата BEKAMENT, како регионален лидер во производството на материјали за завршни работи во градежништвото со највисок квалитет, поседува широка палета на завршни фасадни малтери кои се дел од Bekatherm портфолиото со висококвалитетни производи за надворешни ѕидови и термоизолација.

Исто така, фасадните малтери претставуваат и една од компонентите на термоизолационите фасадни системи кои се нудат во рамките на дадената категорија, а кои обезбедуваат долготрајна и сигурна заштита на деловните и станбени објекти. Енергетската ефикасност на Bekatherm системите ги намалува трошоците и позитивно влијае на животната средина, а врвниот квалитет, потврден со ETA сертификатот обезбедува и до 25 години гаранција.

За целиот асортиман производи на Bekatherm категоријата и карактеристиките на термоизолациските системски решенија можете подетално да се информирате на https://www.bekament.com/bekatherm/#, a исто така можете да го погледнете и едукативниот видео материјал (туторијал) со кој на практичен начин се прикажува постапката на правилно вградување на термоизолацијата, односно стручна примена на секоја поединечна компонента на системско решение, производи и алати кои се користат во текот на процесот.

 

Кога се работи за понудата на Bekatherm фасадните малтери, во продолжението на текстот можете поблиску да се запознаете со карактеристиките на некои од нив, а чија формулација подразбира различни бази:

BK-Plast e фасаден малтер на акрилна основа. Oвој малтер нема мирис, брзо се суши и лесно се мие. Се карактеризира со добра адхезија за подлогата и исклучително лесна обработливост. Тоа е материјал со висока цврстина и водоотпорност. Структурата на малтерот може да биде „рајб“ (рапава) или „фул“ (мазнa).

 

 

BK-Sil e фасаден малтер на силиконска основа. Toа е материјал со висока паропропустливост, со исклучително лесна обработливост. Силиконскиот состав му дава исклучително добра водоотпорност. Отпорен е на УВ  зрачење и на атмосферски влијанија. Што е најважно, овој тип на фасаден малтер може да се нијансира во повеќе од 1.300 нијанси од тон картата.

 

 

BK-S PLAST e фасаден малтер на силикатна основа. Maлтерите од овој тип се вградуваат на температура од +15°C дo +30°C. Oвој материјал се карактеризира со добра паропропустливост и одлична водоотпорност, но и со отпорност на УВ зрачење. Поради своите напредни карактеристики, се препорачува за санација кај стари објекти, малтерисување на фасаден термо-блок или сендвич-ѕид. Можност за нијансирање во повеќе од 1.300 нијанси.

 

 

BK-Sil Si&Si e фасаден малтер на силикатнo- силиконска основа. Поради своите карактеристики, се препорачува за санација на стари објекти или во ситуација кога е термоизолационата плоча на контактната фасада од камена волна. Силиконските адитиви му ја зголемуваат водоотпорноста.  Можност за нијансирање во повеќе од 1.300 нијанси. Поради своите својства, се вградуваат на температура од +15°C дo +30°C.

 

 

BK-Briv Special e минерален тенкослоен фасаден малтер на варовно-цементна основа, наменет за заштита и декорација на надворешни фасадни површини. Се карактеризира со добра адхезија на подлогата, исклучителна обработливост, висока цврстина и добра паропропустливост, како и отпорност на создавање на ситни алги и мувла. Се произведува во бела боја, може да се пребои со фасадни бои на акрилна или силикатна основа, во пастелни нијанси. Поради своите својства, се вградува на температури од  +5°C дo +30°C.

 

Сакате да дознаете повеќе? За дополнителни информации во врска со фасадните системи, цената и начинот на вградување, можете да го контактирате Bekament професионалниот тим за техничка поддршка преку е-пошта адресата tehnicka.podrska@bekament.com

Ве повикуваме на нашите социјални мрежи  Facebook / Instagram  да споделите кои се според вас, предностите од квалитетната фасада?

Дали Ви се допаѓа текстот? Споделете го со своите пријатели.

We use cookies to personalise content and ads, to provide social media features and to analyse our traffic. We also share information about your use of our site with our social media, advertising and analytics partners who may combine it with other information that you’ve provided to them or that they’ve collected from your use of their services.
We use cookies to personalise content and ads.