Што се крие позади бојата за sидови: bekament interior

Што се крие позади бојата за sидови: bekament interior

Што се крие позади бојата за sидови: bekament interior

Што се крие позади бојата за sидови: bekament interior

Современиот живот подразбира долготраен престој во затворен простор и може значително да влијае на нашата продуктивност и расположение.

Доколку сакате амбиентот во кој живеете и поминувате најмногу време да зрачи со топлина и удобност, важно е да знаете што се крие зад боите за ѕидови.

Веќе на самиот почеток ќе Ви откриеме дека боите имаат енергија која се рефлектира на животниот простор, а за да биде истата искористена на вистинскиот начин, пред сè потребно е ѕидовите адекватно да се подготват и да се претворат во идеални сликарски платна за проекција на нашите желби и израз на нашите емоции.

Bekament INTERIOR

Доколку сте се одлучиле оваа пролет да започнете со промени, следете не и пронајдете мотивација за креирање на Вашето катче од сништата.

Создадовме BEKAMENT INTERIOR сеопфатно системско решение кое ги содржи производите за сите фази на обработка на внатрешните sидови: производи за подготовка на зидот за малтерисување, цементно-варовен малтер, висококвалитетна маса за израмнување (глет маса) и бои за внатрешни sидови.

Во продолжението ќе најдете едукативен туторијал кој зборува за постапката на правилно вградување на системот за внатрешни ѕидови, но и за производите и алатите кои се користат во текот на процесот.

Ќе се запознаете со сето она што се крие зад боите, односно со постапката на работа која најчесто ја спроведуваат изведувачите на работи – со процесите на малтерисување и глетување. Исто така, ќе имате можност да се едуцирате за оние фази на работа кои можете сами да ги спроведете, со асистенција на фантазијата или со помош на вашите најблиски, а се однесуваат на подготовка на подлогата, избор и правилно нанесување на боите за внатрешни sидови.

 

Самостојно обојте го својот свет

Со оглед на зачестеноста и лесната примена во последните две фази – нанесување на подлога и бојадисување на зидовите, сакаме дополнително да Ви ја приближиме оваа тема во продолжението на текстот.

Во претходниот блог можете да прочитате кои значења ги носеле одредените нијанси во историските периоди и која симболика ја имаат според Фенг шуи, а денес зборуваме за тоа како може моќта на бојата да Ве инспирира во сопствениот дом, макар на неколку часа да се чувствувате како вистински уметник.

Иако веќе Ви пренесовме кои бои се бои во тренд зa 2021 сакаме да Ве потсетиме дека единствен вистински правилен избор е оној кој Ви го кажува внатрешниот глас. Силата е во Вашите раце и затоа не двоумете се, туку изразете ги своите емоции и фантазии, и амбиентот во кој престојувате, бојадисајте го во согласност со сопствените потреби. Само на тој начин ќе се чувствувате пријатно и удобно во атмосферата на својот дом.

Денес, ние ќе Ве мотивираме да им се препуштите на промените.

Нанесување на подлога

Пред нанесувањето на боите за ѕидови, неопходно е прво површината да се премачка со подлога за да се изедначи апсорпцијата на зидот и за да се подобри врзувањето на следниот слој, односно боја.

Понудата на Bekament е богата со производи за различни намени, а артиклите кои Ви се неопходни побарајте ги тука.  Наша препорака e BK – Подлога  за внатрешни sидови, која се нанесува со долговлакнест валјак или со прскање. Пред употреба, разредете ја со вода во сооднос 1:9, a потоа со лесни движења нанесете ја во еден слој. Процесот на сушење трае 12 часа.

Бои за sидови

Финалниот чекор подразбира избор на нијанса на последниот слој. Bekament Toн картата ќе Ви овозможи едноставно да се одлучите за боја за sидовите која му одговара на Вашиот сензибилитет, а со помош на Bekament Mix системот и стручниот персонал на самото место на продажба, ќе биде креирана токму онаа нијанса која сте ја замислиле.

Дисперзивната боја за sидови која е прикажана преку видео материјалот се однесува на BK-Pol. Оваа боја ја карактеризираат добрата покривна моќ и паропропусливост, a oтпорна е и на суво бришење.

Бојата пред употреба е неопходно добро да се измеша со додавање на 15-20% вода.  По тоа, можете да зачекорите во последната фаза за обработка на внатрешни ѕидови. Дизсперзивната боја нанесете ја во два тенки слоеви, на сува и чиста подлога, со ваљак или четка, a советуваме измеѓу слоевите да направите пауза од 4 дo 6 часа поради сушење.

Во нашиот асортиман можете да пронајдете и други квалитетни бои за внатрешни ѕидови BK- GoldBK-CrystalBK-Delux Semi matt чии карактеристики се прилагодени на различните потреби.

Бидете инспирирани со животот, останете мотивирани, зајакнати со потребата за акција и охрабрени со примери од оние кои веќе ја препознале моќта на боите.

Придружете ни се на социјалните мрежи Facebook / Instagram и споделете со нас како помина процесот кој се крие зад Вашите бои за зидови.

Ви се допадна текстов? Споделете го со своите пријатели.

We use cookies to personalise content and ads, to provide social media features and to analyse our traffic. We also share information about your use of our site with our social media, advertising and analytics partners who may combine it with other information that you’ve provided to them or that they’ve collected from your use of their services.
We use cookies to personalise content and ads.