За внатрешните бои

За внатрешните бои

За внатрешните бои

За внатрешните бои

Боите, како и мирисите можат да имаат моќно влијание на тоа како сме расположени и како се чувствуваме. Можат да ни ги вратат спомените и да предизвикаат емоции. Можат да не инспирираат и да не наполнат со позитивна енергија.

Aдекватниот избор на бои во ентериерот ни овозможува без големи вложувања и сложени интервенции да постигнеме впечатливи резултати. Боите можат да го променат впечатокот за формата и големината на просторијата, што ни дава дополнителна можност во уредувањето на просторот. Во модерно уредените простории користиме една основна боја или палета на сродни, меѓусебно конзистентни бои. Aкцентите во друга боја можат да бидат детали на самите ѕидни површини или парчиња мебел кои на просторот му даваат софистициран изглед.

Не помалку важен детал во изборот на бои е и нивната еколошка карактеристика. Благодарение на најсовремените технички достигнувања Bekament нуди еколошки внатрешни бои на водена база, ускладени со највисоките европски стандарди. Наменети се за поздрав живот, без токсични испарувања и хемикалии.

Секако не треба да се исклучат личните афинитети, но не смееме да заборавиме дека изборот на внатрешни бои е сериозен и сложен процес во кој треба да се води сметка за тоа како нашето ново опкружување ќе влијае на нашата продуктивност, расположение, но и здравје. Поради тоа, многу е важно да водиме сметка и да се консултираме со стручни лица при избор на адекватни бои за секој простор во кој престојуваме, без оглед на тоа дали во него работиме, се одмараме или се забавуваме.

Благодарение на најсовремените технички достигнувања Bekament нуди еколошки внатрешни бои на водена база, ускладени со највисоките европски стандарди.

Црвената боја внесува енергија и ја забрзува работата на срцето. Моќта на црвената боја е толку голема што и мал детал може да има моќен ефект. Во дневната соба, поттикнува разговор и добро расположение, а во кујната или трпезаријата апетит.

Сината боја е идеална за спални соби, но и за другите простории во кои се опуштате, во својата основна нијанса важи за смирувачка боја од највисок степен.

image

Благодарение на најсовремените технички достигнувања Bekament нуди еколошки внатрешни бои на водена база, ускладени со највисоките европски стандарди.

Жолтата, бојата на сонцето поттикнува радост и среќа и внесува топлина. Големите површини со жолта боја можат да ги заморат очите, затоа најдобро е да се користи за детали или за помали површини. Како боја која поттикнува размислување и интуиција, жолтата боја или елементите во оваа боја се добри за просторот за работа или учење.

Oпшто е познато дека зелената боја ги одмара очите. Тоа што е можеби помалку познато е дека зелената боја поттикнува флексибилност и креативност и инспирира промени и успех.

Aко сакате во својот дом да внесете атмосфера на луксуз, тогаш виолетовата боја е вистински избор. Во своите најтемни тонови виолетовата е софистицирана и драматична. Се врзува за богатство, а совршена е за просториите за релаксација и одмор.

Портокаловата боја внесува здравје, топлина и секојдневна радост на животот.

Bekament внатрешните бои изработени се на база на висококвалитетни суровини, погодни се за станбени и деловни простори. Можат да се тонираат во широкиот спектар нијанси.

За позитивно влијание на расположението комбинирајте ги боите кои вашиот дом ќе го направат здраво, среќно, креативно и инспиративно место за живот, работа, учење, дружење и опуштање.

We use cookies to personalise content and ads, to provide social media features and to analyse our traffic. We also share information about your use of our site with our social media, advertising and analytics partners who may combine it with other information that you’ve provided to them or that they’ve collected from your use of their services.
We use cookies to personalise content and ads.