Кујната, бањата, подрумот, терасата или покривот се меѓу најчувствителните делови на станбениот или деловниот простор.
Дотраената изолација и хидроизолација, оштетувањата на водоводните цевки и оштетувањето на покривот или олукот се најчести причини за продирање на влага во просториите, што доведува до појава на мувла. Бактериите, габите и непријатните мириси се нешто што никако не го сакате во својот станбен или деловен простор.
Покрај тоа што го нарушуваат естетскиот изглед на просториите, влагата и мувлата негативно влијаат на здравјето на луѓето кои престојуваат во нив.
Без разлика дали се гради нов објект или се решава прашањето на хидроизолацијата во објект кој веќе е во употреба, првиот чекор е избор на вистинско решение за проектот. При изборот на материјалите, покрај цената, важно е да се води сметка за квалитетот и трајноста на материјалите што ги користиме.
Бекамент производите од системите HYDRO/CERAMIC се одликуваат со доверливост, долготрајност и економичност.
Сигурна и долготрајна заштита од продирање на вода и влага обезбедува линијата на производи HYDRO. Професионалниот систем за хидроизолација ги следи најактуелните трендови во индустријата. Се одликува со одлична водонепропустливост и добар однос на цената и квалитетот.
Во простор кој е безбедно и долгорочно заштитен од продирање на вода и влага можеме опуштено да пристапиме кон уредување по сопствен вкус во согласност со потребите и намената на просторот. Системот за поставување керамика, природен камен или стаклен мозаик од програмата CERAMIC овозможува реализација и на најхрабрите идеи на подовите или ѕидовите на бањи, кујни и други простории.
Во Бекамент тренинг центарот се обезбедува професионална обука за изведувачите на работи на тема соодветна примена на производите од линијата HYDRO/CERAMIC.