Бои за зидови – 5 факти кои треба да ги знаете за боите

Бои за зидови – 5 факти кои треба да ги знаете за боите

Бои за зидови – 5 факти кои треба да ги знаете за боите

Бои за зидови – 5 факти кои треба да ги знаете за боите

Додека се присетувате на детството, сигурни сме дека во мислите, меѓу другото, ќе Ви се појави и бојата на омилената играчка или колорит дресот на омилениот спортски тим. Овие асоцијации не се случајност. Научните истражувања докажуваат дека боите предизвикуваат сеќавања, го будат расположението кое владеело во евоцираните моменти, па дури и на Вашето тело му обезбедуваат чувство на еднаква температура на онаа која била во моментите на кои се сеќавате.

Moќта на боите

Боите имаат моќ да ве вратат во минатото и да ги разбудат Вашите чувства. Тие можат да Ве инспирираат да запознаете некои нови светови. Ви откриваме како перцепцијата на боите се менувала со текот на времето и кои клучни вредности останале длабоко вкоренети во нивната симболика.

Шаренa“ наукa

На самиот почеток, важно е да знаете дека боите инспирирале многу научници, композитори, па дури и претприемачи од минатото да вршат истражувања, да изнесуваат теории и да ги обезбедат своите визии за тоа што се боите и што значат за светот. Можеби, читајќи го нашиот блог, токму тие Ве мотивираат да споделите со нас некои од своите запазувања.

Исак Њутн е еден од првите истражувачи кој додал бои во своите експерименти. Користејќи призма и играјќи се со светлината, тој проектирал спектар на ѕуница што подоцна го развил во познатото шарено тркало. Неговото верување се заснова на постулатот дека боите се совршена комбинација на светлината и темнината.

Од друга страна, Јохан Волфганг Гете се гласно и спротиставил на Њутновата теорија. Тој на ова научно поткрепено верување му дал нота на индивидуалнот и нагласил дека боите не се само научно мерење, туку и лично доживување. Појдовната точка на Гете, која била првото систематско истражување на боите што вклучува психолошка страна, била препознаена од повеќето уметници во тоа време.

Во 1985 година, се родила нова почетна точка, која во себе ги содржела елементите на набљдувањата на Њутн и Гете. Претприемачот Смитсонијан, производител на восочни и водени бои, ја спореди нивната чувствителност со учењето на музиката. Тој создаде сопствено тркало од бои што се преклопувале при брзина пред тоа окото да може да го регистрира.

Безгранична инспирација

Без разлика дали Вашите верувања се повеќе во прилог на првата или втората страна, едно е неспорно – боите се енергија што покренува. Тие порано значеле статус во општеството (на пример: бела, црна и црвена боја носеле само богатите слоеви на населението); носеле одредена симболика дури и во војна (бело знаме како симбол на мирот); нa познатите дизајнери прво им се јавиле како визии; а на нас како мотивација да најдеме решенија за сите предизвици кои со себе ги носи уредувањето на ентериерот.

Bekament INTERIOR

Боите не поттикнаа да ја создадеме BEKAMENT INTERIOR линијата производи, да понудиме незаменливо решение за ѕидовите, да инспирираме живот. INTERIOR подразбира сеопфатно системско решение кое содржи производи за сите фази за обработка на внатрешните ѕидови: oд производи за подготовка на ѕидот за малтерисување, цементно-варовен малтер, висококвалитетни маси за израмнување (глет маси) до внатрешни бои, и Вашиот простор го прави пријатно место за престој.

Ние веруваме дека интересните работи за кои пишуваме денес ќе ја променат Вашата перцепција за боите или ќе го зајакнат искуството што веќе го имате.

Синa,

Зеленa,

Розова,

Жолта или,

Виолетова

– кликнете на омилената боја и веднаш ќе ги дознаете интересните податоци за неа кои можеби не сте ги знаеле.

СИНA – БОЈА КОЈА ЈА ПИШУВА ИСТОРИЈАТА

Доколку деновиве размислувате животниот простор да го збогатите со некоја од сините нијанси, верувеме дека следниве интересни информации ќе Ви помогнат во одлуката и ќе Ве охрабрат својот дом да го збогатите со нијанси од историјата.

Moменти од древните времиња

Првите цртежи во пештерите носат вистинско значење во еволуцијата на човештвото. Претпоставките кои ги имате за боите кои се појавиле први на тие цртежи, веројатно се точни. Меѓутоа, дали сте знаеле дека веднаш по црвената, кафеавата и црната, ги красела токму сината боја?

Со додавање на сината боја во дизајнот на ентериерот, во овој контакст, на Вашиот простор ќе му дадете уметнички впечаток.

Разбудете ја продуктивноста 

Доколку имате желба за промена во работната соба или во канцеларијата, со изборот на светло сина боја на ѕидовите можете да добиете ефект кој предизвикува ценење и почитување од страна на Вашите посетители. Ова размислување датира од XII век и се крие во претставувањето на Дева Марија. Нејзиниот приказ е насликан во светло сини одори, што целосно ја смени перцепцијата на оваа боја кај повеќето религиозни обожаватели од тоа време. Од тогаш, се верува дека сината е боја – е боја на почит.

Хармонија на енергија и мир

Сепак, доколку при уредувањето на ентериерот Ви е најважна енергијата која ја носат одредени бои и складот кој се постигнува со нив – можете да размислувате за Фенг шуи методата за уредување на домот. Прв елемент по ова верување е водата, а нејзин носител – сината – претставува спој на свежа енергија, чистота и мир. Симболира семејна хармонија и добри интерперсонални односи меѓу домашните, па е погодна со неа да ги облагородите ѕидовите на заедничките простории (како дневна соба).

Meѓутоа, внимавајте кога се работи за употреба на темно сина боја за ѕидови во просторот каде немате адекватна заштита од комарци. Имено, научно е докажано дека овие инсекти имаат суптилно визуелно искуство, а темните нијанси им се привлечни особено во доцните попладневни часови. Ако на тоа додадете и извор на вештачка светлина, им создавате пријатна атмосфера за престој.

ЗЕЛЕНA – СИНЕРГИЈА НА ПРИРОДАТА И ПРОСПЕРИТЕТОТ

Историскиот осврт на оваа нијанса можете да го гледате како победнички пресврт во корист на зелената над предрасудите кои првенствено биле вкоренети. Првично била сметана како несигурна и како асоцијација за предавство, оваа боја својот триумф го доживеала кога светот повторно се свртел кон природата и кон славењето на нејзините подароци.

Tријумф над историјата

Се поставува прашањето каде е нишката помеѓу оваа нијанса и предавството? Како што значењето на сината се менувало во согласност со верските убедувања, така и зелената била симбол на Јуда – или обратно. Во текот на средниот век персонификацијата на Јуда била претставувана во одори со оваа боја, но не се само средновековните творци на фреските заслужни за неславните епитети кои ги добила зелената.

Исто така, во истиот временски период, трговијата со бои била со ограничувачки домет, што значи дека бојаџиите немале дозвола за продажба на сите бои, додека, од друга страна, имале забрана за нивно комбинирање. Па така, професионалните бојаџии имале можност да продаваат црвена, но не и зелена боја. Бојадисувањето во оваа нијанса било тешко и непредвидливо поради тоа што зелените бои добиени од растенијата не биле постојани и брзо избледувале.

Просперитет и развој

Токму поради предизвикувачката историја, Ве охрабруваме да ѝ дадете шанса на оваа боја која по Фенг шуи, ја красат многу добри вибрации. Постојат верувања дека зелената боја за ѕидови носи позитивна енергија и здравје, а поврзана е и со личниот и финансиски развој.

Препорачуваме оваа боја да биде Ваш избор за канцеларија. Доколку сте на почеток на кариерата и важно Ви е да поставите здрави и цврсти темели, изборот на зелена боја на просторот ќе Ви привлече деловен напредок. Комбинирањето со кафеави нијанси, дрвен мебел и природни метали ќе Ви донесе целосна хармонија и склад.

Релаксација и уживање

При посетата на некој спа центар, на релаксирачкиот впечаток кој сте го стекнале сигурно влијаело и визуелното доживување, пред сè, претставено преку бамбус зелената боја за ѕидови, a која честопати е задолжителен елемент за секој простор за релаксација. Доколку планирате на Вашата бања да ѝ дадете нов изглед и нота на спокој, Ви советуваме оваа нијанса на зелена да ја усогласите со сива или кафеава и на тој начин да креирате простор во кој со задоволство ќе престојувате.

 

РОЗОВА – СИМБОЛ НА ТРАНЗИЦИЈА

Преку нашите блогови се обидуваме да претставиме интересни факти за боите. По сината и зелената, продолжуваме со приказната, овој пат, за розовата боја.

Пресвртите се розови

Розов како поим во англискиот речник се појавил 1600 година, како глагол со значење „да се декорира по шаблон“.Оттука и познатите цик-цак-ножици се збогатени со придавката „пинк“. Кога се работи за модната индустрија, розовата боја станала актуелна еден век подоцна, а достапна им била само на благородниците и на повисоката класа поради симболиката на луксузот што го носи.

Елвис Присли и Мерилин Монро, со своите контроверзни настапи, ја оживеаја во педесетите и нејзиното значење го ставија во контекст на провокација.

Потоа беше заклучено дека сепак симболиката на розовата боја лежи во спокојот и мирната енергија. Инспириран со тоа, еден од фудбалските тренери 1980 година ги обоил ѕидовите во соблекувалната на противничкиот тим во таа боја, со цел со тоа да влијае на смирување на отчукувањата на нивните срца, односно на забавување на нивната мотивација за игра. Иако го постигнал посакуваниот ефект, тренерот е казнет поради непочитување на законот. Доколку заклучивте дека историјата на розовата боја ја следат чести промени, во право сте!

Безгрижен сон и насмеани утра

Денес претставува симбол на транзиција и напредок, а просотрот обоен со овие нијанси на Вашето место на престој му дава пријатен тон, топла атмосфера и буди чувство на емпатија.

Со оглед на тоа дека спалната соба би требало да претставува опкружување во кое безгрижно се опуштаме, а со радост се будиме, розовата боја е идеална за постигнување на овој склад. Истражете некоја од нејзините нежни, топли нијанси и преку комбинација со земјените тонови надополнете ја удобноста на амбиентот.

ЖОЛTA – ПИГМЕНТ ОД ДАМНИНА

Историјата на жолтата боја долга е околу 17.000 години и не враќа во време на стариот Египет и Рим. Ја поврзувале со боговите на сонцето, но и со симболот на вера и надеж, која исто така ја носи, вткаена е и во Христијанството. Зошто е тоа така?

Боја на инспирација

Oваа нијанса, како сонцето, зрачи со позитивни вибрации и среќа, поттикнува ентузијазам и креативност. Сликарите како Ван Гог и Пикасо наоѓале инспирација во неа, а совршено им одговарала како контраст за другите, во тоа време застапени бои (како сината).

Од психолошки аспект носи метафора на будење, охрабрува комуникација и интеракција, и создава оптимистички размислувања за иднината.

Заслужено го зазеде своето место во боите во тренд за 2021 година. Прочитајте повеќе за тоа во нашиот претходен блог –Кои бои за зидови се во тренд?

Сончева топлина

Доколку планирате оваа пролет да разбудите топла атмосфера во домот, Ве охрабруваме тоа да го направите со жолтата нијанса – како што сонцето во своите тонови Ве буди секое утро. Според Фенг шуи методата за уредување на ентериерот, асоцира на стабилност и заштита, и поттинкнува внатрешен мир.

Боја од акција и интеракција, ќе ги продлабочи разговорите, ќе роди нови креативни идеи, а истовремено ќе создаде баланс помеѓу силната енергија и мирот.

Ве советуваме нејзиниот ефект да го надополните со сива и бела боја – доколку сте повеќе љубител на скандинавскиот стил, а со комплементарна виолетова – доколку е уметноста Вашиот двигател.

ВИОЛЕТОВA – СИМБОЛ НА ЛУКСУЗ

Виолетовата боја е креирана во феничанската престолнина, односно на територија на денешен Либан. Создадена е само за благородниците, носела симболика на луксуз и престиж, а официјално кралицата Елизабета пропишала закон со кој забранува употреба на оваа нијанса на оние кои не припаѓаат на вишиот сталеж.

Со тек на времето, законот станал пофлексибилен, а на препознатливоста на бојата влијаел и настанот од 1856 година, кога млад англиски хемичар создал виолетова боја обидувајќи се да открие лек против маларија.

Иако својата цел ја нашла и во уметноста (Густав Клинт преферил комбинација од оваа и кафеава нијанса), виолетовата останала метафора за моќ. Денес политичарите на глобално ниво честопати носат виолетова вратоврска која претставува симбиоза на асертивноста која ја носи црвената и сочуството кое го симболизира сината.

Допир на мистерија

Како што е во модата потребно да се избере само детал во оваа боја, така се препорачува и при уредување на ентериерите, да се дозира оваа нијанса со други, посветли или ладни тонови. Вистинската мерка на пимена на оваа боја просторот ќе го направи скапоцен- токму како радувањето на ретките темјанушки кои можете да ги најдете во дворот со почетокот на раната пролетт.

И ЗА КРАЈ….

Се надеваме дека информациите кои ги споделивме денес со Вас, Ви помогнаа при избор на бои за ѕидовите. Најчесто субјективното чувство е она вистинското, иако понекогаш ни самите не сте сигурни како да го аргументирате. Поради тоа се обидуваме да Ве мотивираме споделувајќи со Вас научни факти, историски податоци и експертски мислења.

Доколку Ве охрабривме од оваа пролет започнете со промените, видете ја BEKAMENT TOН КАРТАТА и пред заминувањето на самото продажно место изберете некоја од посакуваните нијанси. Во продажниот објект ќе имате можност со помош на стручно лице и BEKAMENT MIX СИСТЕМОТ да ја добиете токму онаа нијанса која најмногу Ви се допаѓа.

Доколку сакате да дознаете кои бои за зидови се во тренд за оваа година, погледајте го нашиот блог „Кои бои за зидови се во тренд?“

Придружете ни се на социјалните мрежи Facebook / Instagram и споделете со нас некои интересни податоци за боите кои ги знаете.

Ви се допадна текстов? Споделете го со своите пријатели.

We use cookies to personalise content and ads, to provide social media features and to analyse our traffic. We also share information about your use of our site with our social media, advertising and analytics partners who may combine it with other information that you’ve provided to them or that they’ve collected from your use of their services.
We use cookies to personalise content and ads.