BEKAMENT ПРОИЗВОДИ,
BEKAMENT ГРАДИ
Компанијата Bekament смело ги исполнува предизвиците на пазарот со тоа што постојано ги поместува границите во областа на своето работење.
Благодарение на повеќе децениското искуство во градежната индустрија, компанијата започна изградба на деловни и станбени објекти по највисоките светски стандарди коиристејќи ги сопствените ресурси и материјали.
Во компанијата вработени се стручни тимови на луѓе, дипломирани градежни, машински и електро инжинери, кои оперативно раководат со градилиштата, организираат комплетно изведување на работите во координација со проектите.
Bekament компанијата, како инвеститор, изведува градежни работи кои подразбираат изградба на деловни и станбени објекти, а врши и директна продажба на висококвалитетни станови.
Во понудата на компанијата вклучена е и комплетна услуга на инженеринг, планирање и изградба на најразлични градежни објекти по принципот „клуч на рака“, со што Bekament како сигурен партнер посветено пристапува кон задоволување на растечките потреби на клиентите.
Teмелната и професионална селекција на материјали и квалификувани кадри кои работат на изведување на работите, исполнување на сите професионални обврски и градежни стандарди се предуслов за градење на долгогодишни партнерски односи на кои се засноваат деловниот успех и кредибилитетот на компанијата Bekament.