Kои се бои за зидови во тренд?

Kои се бои за зидови во тренд?

Kои се бои за зидови во тренд?

Kои се бои за зидови во тренд?

ВОВЕД

Пролетта е совршен период за освежување на ентериерот во кој поминуваме најмногу време, а тоа што може директно да влијае на енергијата што ја носи ова освежување е изборот на бои за ѕидовите.

Убавината е секогаш во окото на набљудувачот и бесконечни се можностите за креативното изразување преку изборот и комбинацијата на соодветните бои. Но, исто така, неоспорен е фактот дека овој креативен процес може да биде под влијание на трендовите што со години наназад ги дефинираат експертите – од модата до уредувањето на животниот простор.

Боите претставуваат многу повеќе од моменталната перцепција на окото и нивниот избор се рефлектира на нашите емоции па така во предвид треба да се има и дека различните потреби бараат различен пристап на нивната селекција.  Ќе се согласите при изборот на фустан или кошула, а доколку по некое време ни се чини дека тоа не е тоа степенот на флексибилност и слобода е многу поголем отколку при изборот на бои за ѕидови на амбиентот во кој секојдневно поминуваме време, разменуваме енергија и уживаме со оние кои ги сакаме. Taквите избори од нас бараат посебна инспирација, доволна храброст, безвременска мотивација и исконска сила која е секогаш во нашите раце.

Веднаш на почетокот ја откриваме тајната – најголем експерт за избор на бои за ѕидовите во Вашиот простор сте Вие и одлуката која ја донесувате на крајот е само Ваша! Сепак, постојат многу извори на влијание кои Вашата одлука можат да ја охрабрат и зајакнат со доволно вистински аргументи како би можеле да го наречете совршен просторот кој го уредувате. Првиот чекор кон енериерот уреден по Ваша желба, може да биде посетата на Дизајн Студио  и пристапот кон тон картата преку која можете да изберете одредена нијанса која Ви се допаѓа и да стекнете основна ориентација како отприлика ќе изгледа Вашиот ентериер.

На продажното место, ќе имате можност реалната нијанса да ја изберете во BEKAMENT тон картата. Овде од страна на стручно лице, a со помош на BEKAMENT MIX СИСТЕМОТ ќе Ви биде овозможено тонирање на производот во Вашата посакувана нијанса.

Забелешка: Сликата прикажува само исечок од преку 3000 достапни нијанси од Bekament палетата на бои за внатрешни ѕидови.

Каде наоѓаме инспирација при изборот на бои за зидовите?

Повеќето луѓе секојдневно поминуваат и до 16 часа во затворен простор. Тоа е повеќе од доволен аргумент во прилог на важноста на уредувањето на просторот, без оглед на тоа дали се работи за дом или канцеларија. Нека Ве водат сопствените потреби, информирајте се, бидете храбри и експериментирајте во согласност со чувствата затоа што тоа катче е Вашата оаза на мирот (дома) и инспирација (во канцеларијата).

Големи или мали простори

Oва е едно од главните прашања при размислување за изборот на бои за ѕидовите. Непишано правило е дека помалите простори сакаат ладни и светли бои, а поголемите топли и темни. Исто така, тука е важно да се истакне и тоа дека стилот на уредување на просторот во голема мерка влијае и на изборот на бои. На пример, популарниот скандинавски стил носи светли, нежни бои комбинирани со мебел во пастелни нијанси.

Истакнување или криење на мебелот

Доколку во просторот се наоѓа шарен тепих, една од можностите за избор на боја на ѕидот е да се најде токму некоја од нијансите кои се наоѓаат на тепихот со што ќе се постигне пријатен склад. Прашањето, кое исто така ќе се отвори, е дали одредени делови од мебелот ќе се истакнат или скријат во контекст на бојата на ѕидот. Доколку сакате да истакнете одредено парче мебел предлогот подразбира примена на голем контраст на неговата боја и на бојата на ѕидот. На пример, за ефективно акцентирање на мебелот во жолта, сина или портокалова боја може да послужи добра нијанса на сив ѕид (слика жолта столица сив ѕид).

Од друга страна, доколку е идејата мебелот да биде во втор план, комбинацијата како „белo-белo“, „синo-синo“ и слично истапуваат како вистинско решение.

Комбинации на бои

Доколку сакате да нагласите одреден ѕид во помал простор, можете да постапите во спротивност со општото правило дека помалите простори сакаат светли бои и да изберете потемна варијанта која тој ѕид ќе го стави во прв план. Tемно сива или пак црна боја на ѕидот сигурно ќе го сврти вниманието, а посветлите елементи на ентериерот ќе бидат повпечатливи. На тој начин можете фокусот да го ставите на за Вас важните детали и да бидете сигурни дека сите ќе ги приметат. Исто така, со селекција на некои од пастелните нијанси на розова (пудра) и зелена (ф’стаци) во комбинација со бела ќе создадете хармоничен простор што зрачи со мир и топлина. Комплементарните бои жолта и виолетова можат да донесат чувство на уметничко и енергично опкружување, додека со комбинација на нивните посветли и темни нијанси се добива нежна верзија на опкружувањето.

Bekament INTERIOR

Нашата INTERIOR линија производи креирана е со цел да биде незаменлива на ѕидот и да го инспирира животот.

Водени со визијата да овозможиме постигнување на здав и пријатен амбиент, создадовме INTERIOR STANDARD, сеопфатно системско решение кое подразбира производи за сите фази во текот на обработката на внатрешните ѕидови, почнувајќи од подготовка на ѕидот за малтерисување, употреба на цементно-варовен малтер, користење на високо квалитетни маси за израмнување (глет маса) до нанесување на внатрешни бои кои не содржат органски растворувачи па со самото тоа се сметаат за еколошки производи.

Со оглед на тоа дека изборот на бои за бојадисување пред Вас ќе стави прашања како оние која глет маса е најдобра за Вас, која подлога за бојадисување да се користи, Ве повикуваме да ги истражите INTERIOR производите и да дознаете како до совршени  бои за зидови тука.

ИЗБОР НА БОИ ЗА ЗИДОВИ ЗА 2021

Бидејќи боите се предмет на интерес на глобално ниво, ќе зборуваме и за официјалните бои за 2021 година, а според изборот на најкредибилна организација чии трендови ги следат многуте индустрии и истакнати поединци.

Институот Пантонe e водечки светски лидер кога се работи за експертиза на бои. Од 2000 година овој Институт спроведува истражување врз основа на кое ги предвидува трендовите од областа на модата, дизајнот и декорациите на домот. Нивното истражување се заснова на прашањето „кои бои планирате да ги користите следната година“, a анкетирањето се спроведува помеѓу продавачите, дизајнерите и произведувачите. И додека се прашувате што влијае на формирање на одлука за бојата за ѕидовите во тренд за некоја година, одговорите можат дури и да Ве изненадат. Покрај новите технологии, материјали, текстурата и ефектите кои влијаат на бојата, на одлуката можат да влијаат дури и социјалните мрежи.

За оваа година Институтот Пантоне избра две нијанси и ги претстави како официјални бои за 2021 година. Според нив, тоа се Illuminating Yellow и Ultimate Gray бои кои на светот му испратија јасна порака „силата и надежта се трајни и тие нè воздигнуваат“.

illuminating i ultimate gray

Што симболираат боите на Пантоне кои се во тренд?

Институтот Пантоне сметаше дека жолтата боја ќе им донесе среќа на оние кои ги следат трендовските бои за ѕидови. Поради симболиката на оптимизам што ја носи, со изборот на оваа боја, го пуштивме сонцето во нашите домови за да ни донесе сила и да го зајакнеме секој агол со позитивна енергија. Од Институтот ни порачуваат дека оваа нијанса на топло жолта боја е „светла, весела и блескава“ и дека нејзината топлина ќе го загрее нашиот простор за живеење.

Од друга страна, сивата е олицетворение на стабилноста и со добра причина се најде во изборот на бои во тренд за 2021 година. Ultimate Grey претставува цврстина, постојаност, но исто така и, доверба и топлина. Оваа нијанса нè потсетува дека целите се постигнуваат само ако цврсто ги дефинираме, постојано работиме на нивното достигнување, а победата ја славиме стабилно и смирено.

На овој начин здружените бои нè враќаат на вистинските вредности кои ги надминуваат боите за ѕидови. Нè потсетуваат на убавината на оптимизмот кој треба да го краси нашето расположение.

bekament illuminating yellow boja

bekament ultimate gray boja

Извор: decoist.com

Без разлика дали ќе се одлучите да ги следите трендовите на светски признатите институти или да бидете сосема слободни и независни во изборот на боја за ѕидови, ние сме тука да Ве потсетиме дека силата е во нашите раце.

Се надеваме дека Ве ИНСПИРИРАВМЕ оваа пролет да внесете промени и да ја изберете бојата за ѕидовите во согласност со Вашето расположение, карактер, но и со трендовите; Ве ОХРАБРУВАМЕ да пробате нешто сосема ново и така да влезете во светот на креативноста и фантазијата; Ве МОТИВИРАМЕ да најдете начин секогаш да се чувствувате пријатно во својот простор и Ви даваме СИЛА промените кои ќе ги осмислите да ги изведете така како што сте ги замислиле.

Погледнете на нашиот Youtube канал и видео „Како до беспрекорни ѕидови во ентериорот?“

 

 

Ве повикуваме со нас на нашите социјални мрежи Facebook / Instagram да ги споделите и Вашите впечатоци и идеи, затоа што можеби токму вие ќе бидете инспирација за некој што моментално одлучува како и какви бои да избере за ѕидовите.

Ви се допадна текстот? Споделете го со своите пријатели.

We use cookies to personalise content and ads, to provide social media features and to analyse our traffic. We also share information about your use of our site with our social media, advertising and analytics partners who may combine it with other information that you’ve provided to them or that they’ve collected from your use of their services.
We use cookies to personalise content and ads.