BK-Concrete Style

Декоративен минерален малтер со ефект на бетон за внатрешни ѕидови

BK-Concrete Style

Калкулатор на потрошувачка

Потребни Ви се kg од овој производ

ПРИМЕНA

BK-Concrete Style е минерален тенкослоен декоративен малтер наменет за заштита и декорација на внатрешни ѕидни површини кој дава визуелен ефект на свеж бетон. Се одликува со добра адхезија за подлогата, исклучителна обработливост и висока цврстина.

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ

Површината на која се нанесува малтерот мора да биде цврста, сува и чиста, без слабо врзани делови и масни дамки. Пред нанесувањето на декоративниот малтер подлогата треба да се премачка со BK-Grund Universal. Во случај на високо апсорбирачки подлоги, се препорачува премачкување со BK-Nivelator, додека во случај на слаби и трошни подлоги, потребно е површината да се премачка со BK-Penetrat пред нанесување на малтер. Времето потребно за сушење на подлогата пред нанесување на малтер изнесува мин. 12 ч. Подготовката на материјалот се врши со додавање на 20kg прав во 6-6,6l вода, со постојано мешање до целосна хомогенизација. Масата да се остави да отстои 10 мин, па повторно да се измеша за да се добие смеса со примерна густина. Малтерот се нанесува во два слоја, со нерѓосувачка глетарка. Првиот слој да се нанесе изедначено, за да се добие колку што е возможно порамна површина. Вториот слој се нанесува над исушениот прв слој. Вкупната дебелина на слоевите треба да биде околу 1,5-2,0 mm. Посакуваната текстура се создава веднаш по нанесувањето на вториот слој на малтер, со употреба на челична глетарка со заоблени рабови или со помош на чешел за BK-Travertino. Кон завршната обработка се пристапува 15-20 мин. по нанесувањето на вториот слој, те. откако материјалот ќе почне да се суши. Дополнителното бојадисување на BK- Concrete Style малтерот се врши со транспарентниот премаз BK-Velatura. Пред боењето со BK-Velatura, површината со малтер неопходно е да се премачка со BK-Penetrat разреден со вода во сооднос 1:3, или BK-Ultra Prime, за да се намали апсорпцијата и за да се избегне можноста за создавање на дамки, те. како би се овозможило рамномерно нанесување на BK-Velatur премазот. Доколку не сакате да ја менувате бојата на малтерот, BK- Concrete Style може да се заштити со премазот BK-Aquaphobe. За подетални упатства погледнете го техничкиот лист на производот.

TEМПЕРАТУРА НА ПРИМЕНА

Teмпературата на воздухот и подлогата при вградувањето треба да биде во опсегот од +5 ºC дo +30 ºC. По 6 часа сушење при нормални услови (T=+23-25 ºC, 50-60 % р.в.в.) малтерот е сув на допир, а по истекот на 24 ч. Може да се пристапи кон неговото бојадисување.

ПОТРОШУВАЧКA

Oколу 2.0-2.5 kg/m2 во зависност од техниката и дебелината на наносот.

РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ

18 месеци во оригинално спакувана амбалажа. Да се складира на температура од +5°C дo +25°C, во сува и проветрена просторија.

ПАКУВАЊЕ

20 kg.