BK-Acryl

BK-Acryl Структурна подлога за акрилни малтери и бои

BK-Acryl

Калкулатор на потрошувачка

Потребни Ви се kg од овој производ

ПРИМЕНА

Подлогата е наменета за изедначување, неутрализација, зацврстување и водоотпорност на површината пред нанесување акрилни фасадни бои и декоративни малтери. Се препорачува тонирање на BK-Acryl во иста нијанса каков што ќе биде и завршниот слој.

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ

Подлогата врз која се нанесува BK-Acryl треба да е цврста, чиста, сува и без остатоци на масла. BK-Acryl подлогата, пред употреба треба да се промеша со 15-20 % вода (3,75-5l вода за пакување од 25 kg) . Така разредената структурна подлога, врз ѕидот, се нанесува во еден слој со користење на ваљак со долги влакна или со помош на четка. Потребно време за сушење изнесува 12 h, а дури потоа се нанесува завршен слој. За подетални упатства да се погледне во техничкиот лист за производот.

ПРИМЕНА НА ПРОИЗВОДОТ НА ТЕМПЕРАТУРА

Од +5°C do +30°C. Да не се работи при директно сончево зрачење, за време на дожд и силен ветер.

ПОТОШУВАЧКА

Околу 0,2-0,25 kg/m², во зависност од впивањето и рапавоста на подлогата.

РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ

18 месеци спакуван во оригиналната амбалажа. Да се складира на температура од +5°C до +25°C, заштитен од сончевата светлина и од смрзнување.

ПАКУВАЊЕ

8 kg, 25kg.