BK-Anchor Fix

Maса за анкерување

BK-Anchor Fix

ПРИМЕНA

Брзоврзувачка маса за анкерување на база на полиестерски смоли без стирени за внатрешна и надворешна употреба. Служи за анкерување на сите површина на температури до 35˚C. Лесно се користи при анкерување на бетон, керамички блокови, природен камен и полна тула. Особено е погодна за високи оптоварувања при поставување на анкери за продолжување на бетонирање, за фиксирање на анкери во бетонски елементи, или за формирање на нов конструктивен елемент од челик. Прави висока цврстина на анкираните материјали без притисок на растегнување.

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ

Издупчете го посакуваниот број на дупки и отстранете ја прашината со воздушна пумпа или четка. Ставете ја тубата на пиштолот и прицврстете ја. Истиснете околу 10 cm маса на страна, додека не се постигне рамномерна боја, а потоа истиснете ја масата во отворот. Потоа со завртување ставете го елементот што треба да се анкерува во отворот.
При примена во шупливи материјали, потребно е да се користи пластична или метална типла и отворот целосно да се исполни со масата. При анкерување во полни материјали не е потребно користење на типли, но потребно е да се исполнат до 1/3 или 1/2. За подетални упатства погледајте го техничкиот лист на производот.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Вреќичката тубата не треба да не дупчи, туку да се стави во тубата и да се продупчи со притискање на клипот.

TEМПЕРАТУРА НА ПРИМЕНА

Oд +5˚ C дo +35˚C.

РОК НА УПОТРЕБА И СКЛАДИРАЊЕ

Да се складира на температури од +5 ºC дo +25 ºC, заштитено од директно влијание од сончева светлина и замрзнување.

РОК НА УПОТРЕБА

12 месеци, доколку се складира по препорака во оригинално, неотворено пакување.