BK-AquaPhobe

Безбојна хидрофобна импрегнација

BK-AquaPhobe

Калкулатор на потрошувачка

Потребни Ви се l од овој производ

ПРИМЕНA

BK-AquaPhobe е безбојна хидрофобна импрегнација на база на силан и силоксан, намента за надворешна и внатрешна употреба. Погодна е за примена како завршен слој или како додаток на цементни смеши поради подобрување на хидрофобноста на материјалот. Се препорачува за импрегнација на минерални и синтетички фасадни малтери, цигли, тули, природен камен, бетонски површини, фуг маси и сл. Производот е наменет за заштита на минерални површини од прекумерно впивање на вода и агресивни хемикалии од воздухот кои може да го оштетат и нарушат изгледот на зградите и спомениците. Се намалува појавата на расцветување на соли на минералните површини, се намалува веројатноста за развој на микроорганизми и мов на фасадните делови кои се под сенка.

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ

Пред употреба материјалот треба добро да се протресе во пакувањето, а потоа неразредениот производ да се нанесе со мека четка, валец или спреј апликација. За да се постигне длабока пенетрација и задоволителен ефект, премазот се нанесува сè до заситување по принципот мокро на мокро. Од хоризонталните површини со крпа отстранете го вишокот материјал по 10 минути. Ефектот на водоотпорност се развива во текот на 24 ч од нанесувањето.

TEМПЕРАТУРА НА ПРИМЕНА

Температурата при вградувањето треба да биде во опсег од +5°C дo +30°C, a релативната влажност на воздухот макс. 80 %. Да не се работи на директно сонце, ветар, дожд и магла. Високата влага и ниските температури може значително да го продолжат времето потребно за сушење.

ПОТРОШУВАЧКА

100-500 ml/m² во зависност од површината што се премачкува.

РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ

12 месеци складирано на температури од +5°C дo +25°C, заштитено од влијанието на директна сончева светлина и од замрзнување.

ПАКУВАЊЕ

1 l; 20 l