BK-Bond

Високо адхезивна подлога за слабо апсорбирачки површини

BK-Bond

Калкулатор на потрошувачка

Потребни Ви се l од овој производ

ПРИМЕНA

BK-Bond е високо адхезивна подлога која првенствено се користи за подобрување на лепливоста на мазни, слабо апсорбирачки и проблематични површини. Производот BK-Bond разреден со вода може да се користи и при нанесување на глет маси, лепила за керамика, саморазлевачки маси, минерални малтери и сл., нa гипс картонски или цементно-влакнести плочи, анхидрит подлоги, високо апсорбирачки малтери и други цементни подлоги. Со нанесувањето на BK-Bond се врши врзување на заостанатата прашина и израмнување на површината, а на тој начин се остварува и подобро врзување на идниот слој за подлогата.

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ

Пред употреба BK-Bond задолжително треба добро да се протресе. BK-Bond во случај на примена на слабо апсорбирачки површини се нанесува неразреден, со четка или со кратко влакнест валец обично во еден слој. На вака нанесениот премаз може да се применуваат следните слоеви по мин. 6 часа сушење во нормални услови (23°C и 50-60% р.в.в.), кога премазот ќе постигне отпорност на гребење. Во случај на примена на апсорбирачки површини, потребно е производот да се разреди со вода во сооднос 1:3 (прајмер : водa). Разредениот производ се нанесува со четка, ваљак или со прскање во 1-2 слоја во зависност од апсорпцијата и од посакуваниот ефект, по принципот мокро на мокро.

ПОТРОШУВАЧКA

Oколу 50-100 ml/m², во зависност од апсорпцијата и намената.

РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ

12 месеци во оригинално затворена амбалажа. Да се складира на температура од +5°C дo +25°C, заштитено од сончева светлина и замрзнување.

ПАКУВАЊE

1l