BK-Briv Special

Фасаден минерален малтер

BK-Briv Special

Калкулатор на потрошувачка

Потребни Ви се kg од овој производ

ПРИМЕНА

Минерален тенкослоен декоративен малтер на варовно-цементна основа, наменет за заштита и декорирање на надворешни фасадни површини.

СТРУКТУРАТА НА МАЛТЕРОТ

Rajb (зарибана – rille) и Ful (полна – kratz).

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ

Подлогата врз која малтерот ќе биде нанесен мора да биде цврста, чиста и сува, без слабо врзани делови, масни дамки и сл. Пред нанесувањето на малтерот, на подлогата потребно е да се нанесе BK-Grund Universal. Во случај на високо абсорбирачки подлоги, се препорачува нанесување на BK-Nivelator, додека во случај на слаби и трошни подлоги потребно е на површината да се нанесе BK-Penetrat пред нанесувањето на малтерот. Малтерот се подготвува со додавање околу 24-26% вода ( 25kg прав во околу 6-6,5l вода) и интензивно мешање, сé додека не се постигне целосна хомогенизација, потоа смесата се остава да одстои 10 min, па пак се промешува. Малтерот се нанесува со челична глетарка со дебелина на најкрупно зрно. Во зависност од саканата структура, малтерот потоа се обработува со пластична глетарка и тоа: Ful (полна – kratz) структура – веднаш по нанесувањето со кружни движења, Rajb (зарибана – rille) структура – кратко по нанесувањето со кружни или прави движења дури не се постигне саканата структура. За подетални упатства да се погледне во техничкиот лист за производот.

ПРИМЕНА НА ПРОИЗВОДОТ НА ТЕМПЕРАТУРА

Од +5°C do +30°C. Да не се работи при директно сончево зрачење, за време на дожд и силен ветер.

ПОТОШУВАЧКА

Околу 2,5-3,5 kg/m², во зависност од саканата структура и гранулација.

РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ

12 месеци спакуван во оригиналната амбалажа во сува просторија подигнат на палети.

ПАКУВАЊЕ

25 kg.