BK-Fas Acryl

Акрилна дисперзија за надворешни ѕидови

BK-Fas Acryl

Калкулатор на потрошувачка

Потребни Ви се l од овој производ

ПРИМЕНА

Акрилна дисперзиона боја за заштита на нови и стари фасадни површини. Направена е врз база на висококвалитетни суровини, има силна моќ на прекривање и на водоодбивност, отпорна е на UV зрачење и на атмосферските влијанија. Поради голема отпорност погодна е и за примена на внатрешните ѕидови на јавни и резиденцијални oбјекти.

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ

Подлогата врз која се нанесува бојата треба да е цврста, чиста, сува и премачкана со BK-Ultra Prime универзална подлога или BK-Acryl  структурна подлога.

ПОДГОТВУВАЊЕ НА БОЈАТА

Со додавање до 15% (л/л) вода (0,15 l за пакување од 1l, 0,45 l за пакување од 3l, 0,75 l за пакување од 5l, 2,25 l за пакување од 15l) , со добро мешање сé додека не се постигне целосна хомогенизација. BK-Fas Acryl обично се нанесува со помош на ваљак со долги влакна, во два слоја. Вториот слој се нанесува откако првиот целосно ќе се исушиза, за што под нормални услови (Т=+23-25°C, релативна влажност на воздухот 50-60%) е потребно 4-6h. Врз континуални површини потребно е да се работи рамномерно и без прекин. За подетални упатства да се погледне во техничкиот лист за производот.

ПРИМЕНА НА ПРОИЗВОДОТ НА ТЕМПЕРАТУРА

Од +5°C do +30°C. Да не се работи при директно сончево зрачење, за време на дожд ниту при силен ветер.

ПОТОШУВАЧКА

Околу 150-300 ml/m², во зависност од впивањето и рапавоста на подлогата.

РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ

18 месеци спакуван во оригиналната амбалажа. Да се складира на температура од +5°C до +25°C, заштитен од сончевата светлина и од смрзнување.

ПАКУВАЊЕ

1 л; 3 л; 5 л; 15 л