BK-GletEx Premium

Дебелослојна смеса за израмнување на внатрешни ѕидови

BK-GletEx Premium

Калкулатор на потрошувачка

Потребни Ви се kg од овој производ

ПРИМЕНА

Глет маса на варова база, за израмнување на внатрешни ѕидови. Поради можноста да биде нанесена во подебел слој BK-Gletex Premium особено е погоден за израмнување на груби ѕидови обработени со вар-цемент, варови и гипсено-варови малтери, како и за израмнување на ѕидови од бетон и гипс-картон плочи.

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ

Подлогата на која се нанесува BK-GletEx Premium мора да биде цврста, чиста и сува, без слабо врзани делови, масни дамки и сл. Во случај на нанесување на квалитетни минерални површини, како и на добро прифатени дисперзивни бои, потребно е површината претходно да се премачка со BK-Ultra Prime со цел остварување на подобро прифаќање на глет масата. Во случај на високо апсорбирачки површини, може да се изврши импрегнација и со BK-Nivelator. Во случај на површини кои се лупат, трошат и/или распрскуваат потребно е да се отстранат сите слабо врзани слоеви, а потоа да се изврши импрегнација на подлогата со BK-Penetrat. Подготвување на смесата се врши така што прашокот се додава во околу 40% вода ( 25kg прав во околу 10l вода) сé додека смесата не стане хомогена и без грутки. Смесата треба да одстои 10 минути, а пред нанесување повторно да се измеша. Смесата обично се нанесува во два слоја, рачно, со метална глетарка, вкупна дебелина до 6 mm. Вториот слој се нанесува дури откако првиот слој целосно ќе се исуши, а доколку евентуално се јават набори и нерамнини после нанесувањето на секој слој, истите да се обработат со брусна хартија со грубост помеѓу 180-240, во зависност од техниката и намената. За подетални упатства да се погледне во техничкиот лист за производот.

ПОТРОШУВАЧКА

Околу 1-1.5 kg/m², во зависност од дебелината на наносот.

РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ

12 месеци во оригиналната амбалажа во сув простор подигната на палети.

ПАКУВАЊE

25 kg