BK-Grund Universal

Универзална структурна подлога

BK-Grund Universal

Калкулатор на потрошувачка

Потребни Ви се kg од овој производ

Универзална структурна подлога наменета за изедначување, неутрализација, зацврстување и водоотпорност на подлогата пред нанесување на сите видови фасадни бои и декоративни малтери, освен на силикатни бои/малтери. Се препорачува тонирање на BK-Grund Universal подлога во истата нијанса како завршниот слој.

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ

Подлогата врз која се нанесува BK-Grund Universal треба да е цврста, чиста, сува и без остатоци на масла. BK-Grund Universal подлогата пред употреба треба да се промеша и да се разблажи со 15-20 % вода (3,75-5l вода за пакување од 25kg). Така разблажена подлога во еден слој се нанесува врз ѕидот со користење на ваљак со долги влакна или со помош на четка. Доколку се применува врз стари или јако впивливи површини, може да се направи грундирање два пати во рок од 2-3 часа. Потребно време за сушење пред нанесување завршен слој изнесува 12 h. За подетални упатства да се погледне во техничкиот лист за производот.

ПРИМЕНА НА ПРОИЗВОДОТ НА ТЕМПЕРАТУРА

Од +5°C do + 30°C. Да не се работи на силно сонце, дожд ниту силен ветер.

ПОТРОШУВАЧКА

Околу 0,2-0,25 kg/m², во зависност од впивањето и рапавоста на површината на ѕидот.

РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ

18 месеци во оригиналната амбалажа. Да се складира на температура од +5°C до +25°C, заштитен од сончевата светлина и замрзнување.

ПАКУВАЊЕ

8kg, 25kg.