BK HidroStop 1

Еднокомпонентен хидроизолационен премаз

BK HidroStop 1

Калкулатор на потрошувачка

Потребни Ви се kg од овој производ

ПРИМЕНА

Еднокомпонентен хидроизолациони премаз за хоризонтална и вертикална заштита на површини од влага. Се употребува за хидроизолација на потенцијално влажни простории: кујни, бањи, туш кабини, базени, подрумски површини, тераси итн. Наменет е за внатрешна и надворешна употреба, за позитивен и негативен притисок на вода од ≤ 1,5 bar. Материјалот не е предвиден за завршна обработка на површини, ниту пак за системи со постојан контакт со вода.

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ

Подлогата врз која ќе биде нанесен BK-HidroStop 1 да е цврста, без прашина, чиста од мрсни дамки, без мувла и без лошо поврзани делови. Пред нанесувањето на хидроизолација се препорачува премачкување со BK-Ultra Prime подлога. Во случај на постари и нерамномерно апсорбирачки подлоги, како и во случај на порозни високо апсорбирачки подлоги неопходно е да се изврши премачкување на подлогата со BK-Ultra Prime, мин. 4 ч. пред нанесувањето на хидроизолација. Во случај на површини кои се лупат, трошат и/или распрскуваат потребно е да се отстранат сите слабо врзани слоеви, а потоа да се изврши импрегнација на подлогата со BK-Penetrat. Бетонските површини неопходно е добро да се исчистат со врела вода, со цел отстранување на присутните нечистотии, а потоа да се премачкаат со BK-Beton Kontakt. Подготовката се врши со додавање на 20kg прав во околу 6 l вода до целосна хомогенизација. Смесата треба да отстои околу 5 мин. и пак да се измеша. Подготвената смеса треба да биде потрошена во рок од 2 h. Премазот се нанесува со четка во два слоја во вкрстена постапка, сé додека површината не биде целосно покриена. Дебелината на првиот слој изнесува приближно 1 mm, а вториот слој се нанесува откако претходниот целосно ќе биде исушен. Хидроизолациониот премаз да се заштити од пребрзо сушење (сонце, ветер). После 12 часа од нанесување на вториот слој, површината е подготвена за поставување на керамика (за лепење користете флексибилни лепила SiproFix BK-110 Flex, BK-160 Super Flex, BK-155 Rapid White, BK-170 Elastic или BK-160 White). За детални упатства да се погледне во техничкиот лист за производот.

ПОТОШУВАЧКА

Околу 1,2 kg/m2/mm, зависно од квалитетот на подлогата.

РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ

12 месеци во оригиналната амбалажа во сув простор подигнато на палети. Дата на производство е втисната на амбалажата.

ПАКУВАЊE

20 кг