BK HidroStop 2

Флексибилен двокомпонентен хидроизолационен премаз

BK HidroStop 2

Калкулатор на потрошувачка

Потребни Ви се kg од овој производ

ПРИМЕНА

Двокомпонентен хидроизолационен полимерцементен премаз за хоризонтална и вертикална заштита на површини од влага. Се употребува за хидроизолација на потенцијално влажни простории: кујни, бањи, туш кабини, базени, подрумски површини, тераси итн. Наменет е за внатрешна и надворешна употреба, за позитивен и негативен притисок на вода од ≤ 1,5 bar. Материјалот е погоден за изолација на површини коишто се во долготраен контакт со вода.

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ

Подлогата врз која ќе биде нанесен BK-HidroStop 2 да е цврста, без прашина, исчистена од мрсни дамки, без мувла и без лошо врзани делови. Пред нанесувањето на хидроизолација се препорачува премачкување со BK-Ultra Prime подлога. Во случај на постари и нерамномерно апсорбирачки подлоги, како и во случај на порозни високо апсорбирачки подлоги неопходно е да се изврши премачкување на подлогата со BK-Ultra Prime, мин. 4 ч. пред нанесувањето на хидроизолација. Во случај на површини кои се лупат, трошат и/или распрскуваат потребно е да се отстранат сите слабо врзани слоеви, а потоа да се изврши импрегнација на подлогата со BK-Penetrat. Бетонските површини неопходно е добро да се исчистат со врела вода, со цел отстранување на присутните нечистотии, а потоа да се премачкаат со BK-Beton Kontakt. Премазот се подготвува со додавање на прашкастата компонента A во течната компонента Б без додаток на вода, со мешање дури не се добие хомогена смеса. Смесата да отстои околу 5 мин. и пак да се измеша. Премазот се нанесува со четка во два слоја (по потреба и три), во вкрстена постапка. По потреба се нанесува и третиот слој. Дебелна на секој поединечен слој изнесува приближно 1-2 mm, а секој последователен слој се нанесува откако претходниот ќе зацврсне. Подготвената смеса да се искористи во рок од 1 h. Хидроизолациониот премаз да се заштити од пребрзо сушење.После 12 часа од нанесување на последниот слој, површината е подготвена за поставување на керамика (за лепење користете флексибилни лепила SiproFix BK-110 Flex, BK-160 Super Flex, BK-155 Rapid White, BK-170 Elastic или BK-160 White). За детални упатства да се погледне во техничкиот лист за производот.

ПОТОШУВАЧКА

Околу 1,50 kg/m²/mm, зависно од квалитетот на подлогата.

РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ

12 месеци во оригиналната амбалажа во сув простор подигнато на палети.

ПАКУВАЊE

Компонентa  A –- 16,6 кг

Компонентa  Б –5 кг