BK-HidroStop Premium

Флексибилен еднокомпонентен хидроизолационен премаз на акрилна основа

BK-HidroStop Premium

Калкулатор на потрошувачка

Потребни Ви се kg од овој производ

ПРИМЕНA

Еднокомпонентен хидроизолационен премаз на база на полимерна емулзија за хоризонтална и вертикална заштита на внатрешни површини од влага. Се користи за хидроизолација на кујни, бањи, туш кабини, подрумски површини итн. Пред поставувањето на керамика. Погоден е за употреба во системите со подно греење. Особена примена има за хидроизолација на површини од гипс картонски плочи.

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ

Површините мора да бидат рамни, без поголеми вдлабнатини или пукнатини. Пред нанесувањето на хидроизолација се препорачува премачкување со BK-Ultra Prime подлога, 4ч пред нанесувањето на хидроизолација. Во случај на површини кои се лупат, трошат и/или се со прав, треба да се отстранат слабо врзувачките слоеви, а потоа да се изврши импрегнација на подлогата со BK-Penetrat пред нанесување на мембраната. BK-HidroStop Premium се нанесува неразреден со четка во два слоја со вкупна дебелина до 1 mm. На спојките и аглите се поставува гумирана хидроизолациона лента BK-Tape која треба да се стави во првиот слој од хидроизолацијата. Вториот слој се нанесува по 2ч, со вкрстена постапка. По истекот на 12ч од нанесувањето на вториот слој, површината е подготвена за ставање на керамиката (за лепење се користат флексибилните лепила BK-160 SuperFlex, BK-155 Rapid White, BK-170 Elastic или BK-160 White). За детални упатства погледајте го техничкиот лист на производот.

ПОТОШУВАЧКА

Околу 0,5-0,6 kg/m2  зависно од квалитетот на подлогата. Рок на траење и складирање: 12 месеци во оригиналната амбалажа во сув простор подигнато на палети. Дата на производство е втисната на амбалажата.

ПАКУВАЊЕ

5, 10 kg