BK-IN KUL

Мозаичен малтер за внатрешна употреба

BK-IN KUL

Калкулатор на потрошувачка

Потребни Ви се kg од овој производ

ПРИМЕНА

Декоративен мозаичен малтер од повеќебојни зрна, за обработка на внатрешни ѕидни површини, ходници, столбови и детали кои особено треба да се истакнат. Малтерот може да се нанесува врз фини цементни малтери, рамни бетонски површини, влакнесто-цементни и гипс-картонски плочи и сл. Производот не е подесен за примена врз свежи гипсни малтери и влажни површини. Го карактеризира особена јакост и водоотпорност. Гранулација (големина на зрна): 1.0 mm.

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ

Подлогата врз која ќе биде нанесен малтерот мора да биде цврста, чиста и сува, без слабо врзани делови, масни дамки и сл. Пред нанесувањето потребно е површината да се премачка со BK-Acryl или BK-Grund Universal подлога, тонирана во приближна нијанса на завршниот малтер. Времето потребно за сушење на подлогата пред нанесување на малтерот изнесува мин. 12 ч. Пред нанесување, BK-IN Kul да се промеша за да смесата запени и по потреба да се раствори со мало количество вода (до 0.25 l). Малтерот се меша со пресипување од канта во канта, рачно или со електричен миксер со мал број на вртежи. Малтерот се нанесува со челична глетарка од долу нагоре и тоа во слој 50 % подебел од големината на зрното. Нанесениот слој добро да се израмни за да не останат видни празнини помеѓу мермерните зрна. Кога се применува врз континуални ѕидни површини, треба да се работи рамномерно и без прекини. За подетални упатства да се погледне во техничкиот лист за производот.

ПРИМЕНА НА ПРОИЗВОДОТ НА ТЕМПЕРАТУРА

Од +5°C до +30°C. Висок степен на влажност и ниски температури може да го продолжат времето на зацврстувањето на малтерот.

ПОТОШУВАЧКА

Околу 3 kg/m².

РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ

18 месеци спакуван во оригиналната амбалажа. Да се складира на температура од +5°C до +25°C, заштитен од сончевата светлина и замрзнување.

ПАКУВАЊЕ

25 кг