BK-IN PLAST

Декоративен акрилен малтер за внатрешни ѕидови

BK-IN PLAST

Калкулатор на потрошувачка

Потребни Ви се kg од овој производ

ПРИМЕНА

Висококвалитетен акрилен декоративен малтер во вид на паста, со особена јакост, водоотпорност и исклучителна способност за обработка на внатрешни површини.

СТРУКТУРА НА МАЛТЕРОТ

Rajb (зарибана-rille) i ful (полна-kratz).

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ

Подлогата врз која малтерот ќе биде нанесен мора да биде цврста, чиста, сува и премачкана со BK-Acryl подлога. Пред нанесување, BK-IN Plast да се промеша и по потреба да се раствори со мало количество вода (1-2 %, 0,25-0,5 l водa ). Малтерот се нанесува со челична глетарка во слој со дебелина на најголемото зрно. Во зависност од посакуваната структура, малтерот потоа се обработува со помош на пластична глетарка и тоа: ful структура – веднаш по нанесувањето се структурира со кружни движења; rajb структура – кратко по нанесувањето се структурира со кружни или прави движења сé додека саканата структура не биде постигната. Кога се применува врз континуални ѕидни површини, треба да се работи рамномерно и без прекини. За подетални упатства да се погледне во техничкиот лист на производот.

НАПОМЕНА

Доколку се работи на континуални ѕидни површини, нужно е содржината на материјалот од повеќе канти да се измеша, за да се постигне егализација на материјалот.

ПРИМЕНА НА ПРОИЗВОДОТ НА ТЕМПЕРАТУРА

Од +5°C до +30°C. Висок степен на влажност и ниски температури може да го продолжат времето на зацврстувањето на малтерот.

ПОТОШУВАЧКА

Околу 2.3-3.3 kg/m², во зависност од структура и гранулација.

РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ

18 месеци спакуван во оригиналната амбалажа. Да се складира на температура од +5°C до +25°C, заштитен од сончевата светлина и од смрзнување.

ПАКУВАЊE

25 kg