BK-Kul

Декоративен мозаичен малтер

BK-Kul

Калкулатор на потрошувачка

Потребни Ви се kg од овој производ

ПРИМЕНА

Декоративен мозаичен малтер од повеќебојни зрна, за трајна заштита на фасадни површини. Производот се карактеризира со исклучителна јакост, водоотпорност и постојаност при атмосферски влијанија.

ГРАНУЛАЦИЈА (ГОЛЕМИНА НА ЗРНА)

1.5 mm. Не се препорачува за големи фасадни површини. Примената да се ограничи на детали (цоклиња, столбови и останати помали неповрзани површини).

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ

Подлогата врз која малтерот ќе биде нанесен мора да биде цврста, чиста, сува, без слабо врзани делови, масни дамки и сл. Подлогата пред нанесувањето потребно е да се премачка со BK-Acryl или со BK-Grund Universal подлога, тонирана во приближна нијанса на завршниот малтер. Времето за нанесување на малтерот е минимум 12 часа. Доколку се нанесува на термоизолациски системи неопходно е на слојот лепило прво да се нанесе BK-Penetrat. По сушењето на BK-Penetrat, нанесете BK-Acryl или BK-Grund Universal подлога во приближна нијанса на мозаичниот малтер. BK-Kul пред нанесувањето да се измеша, масата да запени, и по потреба да се разреди со мало количество на вода (до 1 %; 0,08 l вода за пакување од 8 kg. Малтерот се меша со пресипување од канта во канта, рачно или со електричен миксер со мал број вртежи. Малтерот се нанесува со челична глетарка од долу нагоре и тоа во слој од 2-2,5mm. Нанесениот слој добро да се израмни за да не останат видни празнини помеѓу мермерните зрна. Кога се применува врз континуални ѕидни површини, треба да се работи рамномерно и без прекини. Не е наменет за вградување на фасадни површини во рамките на системите за топлинска изолација. . За подетални упатства да се погледне во техничкиот лист за производот.

ПРИМЕНА НА ПРОИЗВОДОТ НА ТЕМПЕРАТУРА

Од +5°C до +30°C. Да не се работи при директно сонце, по дожд и силен ветер. Висок степен на влажност и ниски температури може да го продолжат времето на врзувањето на малтерот.

ПОТОШУВАЧКА

Околу 5 kg/m².

РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ

18 месеци спакуван во оригиналната амбалажа. Да се складира на температура од +5°C до +25°C, заштитен од сончевата светлина и замрзнување.

ПАКУВАЊЕ

8 kg, 25 kg.