BK-Liv 10

Самонивелирачка маса за подови

BK-Liv 10

Калкулатор на потрошувачка

Потребни Ви се kg од овој производ

ПРИМЕНА

Самонивелирачка маса со голема цврстина за тенкослојно израмнување на бетонски површини и цементни кошулки пред лепење на паркет, керамика, PVC и останати подни облоги, во станбени, деловни и слични објекти. Производот не е наменет за завршен слој. Дебелината на нанесувањето на слојот изнесува од 2 mm дo 10 mm, a потребното време за сушење е 12 h/mm дебелина. Се користи за внатрешни и надворешни површини (надвор во систем со BK-HidroStop хидроизолациони премази). Погодна во системот за подно греење.

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ

Подлогата на која се нанесува масата мора да биде цврста, чиста, без маснотии и слабо врзувачки делови и без прашина. Пред нанесувањето на BK-Liv 10 неопходно е да се изврши импрегнација на површината со BK-Bond подлога разредена според упатството. Подготовката на масата се врши со додавање на правта во 21% вода ( 25kg прав во околу 5,3l вода) , до целосна хомогенизација. Задолжително да се почитува препорачаниот процент на вода, затоа што отстапките во дозирањето на водата влијаат на квалитетот на BK-Liv 10. Maсата оставете ја да отстои 5 мин, а потоа повторно измешајте ја. Масата се разлива на подлогата и се развлекува со помош на назабена глетарка, со посебно внимание на аглите. По разливањето, пожелно е по површината да се помине со специјален игличест ваљак – „еж“, со цел исфрлање на воздушните меури. За детални упатства видете го техничкиот лист на производот.

ПОТРОШУВАЧКA

Oколу 1,4-1,5 kg/m²/mm дебелина.

РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ

12 месеци во оригиналната опаковка во сув простор на палети.

ПАКУВАЊE

25 kg