BK-Mal 320

BK-Mal 320

Гипсено-варов малтер за внатрешни ѕидови.

BK-Mal 320

КАЛКУЛАТОР НА ПОТРОШУВАЧКА

Внесете ја квадратурата

Примена

Гипсено-варов малтер за машинска и рачна употреба на внатрешни ѕидови од тула, блокови, пенобетон и бетон. Производот да не се употребува во мокри чворови, како и за површини на кои ќе биде поставена керамика.

Подготовка и нанесување

Подлогата врз која малтерот ќе биде нанесен мора да биде цврста, чиста, сува, без лошо врзани делови, мрсни дамки и сл. Затворањето на дупки, фуги, електрични отвори да се направи пред да се почне со малтерисување. При малтерисување на бетонски или други мазни површини, а со цел малтерот подобро да се врзе за подлогата, претходно би требало да биде нанесен BK-Beton Kontakt. Врз порозни или високовпивливи подлоги (пенобетонски блокови), со цел за да се одбегне нерамномерно сушење и пукање на малтерот, на подлогата треба да се нанесе BK-Nivelator. Малтерот се подготвува со интензивно мешање на правот со околу 30% вода. Малтерот треба да се нанесува машински со дебелина од минимум 10 mm, a максимум 25 mm. Малтерот потоа да се развлече со помош на Х летва, да се потсече, да се филцува и да се измазни. Доколку е потребно малтерот да биде нанесен во подебел слој, малтерот се нанесува континуирано, по принцип свежо врз свежо, сé дури не се постигне саканата дебелина (макс. 40 mm). Малтерот треба да стврднува рамномерно. Не се препорачува директно загревање на малтерот. За подетални упатства да се погледне во техничкиот лист за производот.

Потрошувачка

Околу 10-11 kg/m²/cm дебелина.

Рок на траење и складирање

12 месеци во оригиналната амбалажа во сув простор подигнат на палети.

ПАКУВАЊE

30kg


DOWNLOAD: