BK-MICROFAS SILICON

BK-MICROFAS SILICON

Силиконска дисперзија со микровлакна за надворешни ѕидови

BK-MICROFAS SILICON

КАЛКУЛАТОР НА ПОТРОШУВАЧКА

Внесете ја квадратурата

Примена

Силиконска дисперзивна боја со микровлакна за заштита и декорација на нови и стари фасадни површини. Изработена е на база на високо квалитетни силиконски смоли,поседува одлична покривна моќ и водоотпорност, добра паропропустливост, отпорна на УВ зрачење и атмосферски влијанија. Поради големата отпорност погодна е и за примена на внатрешни ѕидови во јавни објекти. Овој производ добро ги премостува и пополнува тенките пукнатини во малтерот (макс. 0,5mm) и на тој начин ја спречува појавата на додатни пукнатини или видливи потези на завршните површини.

Припрема и нанесување

Подлогата на која се нанесува дисперзијата мора да биде чиста сува и премачкана со BK-MicroGrund Universal подлога. BK-MicroFas Silicon одлично се нанесува со долг ваљак, во два слоја со вкрстена постапка. Подготовката на бојата се врши со додавање на околу 5-10% вода, со добро мешање до целосна хомогенизација. Вториот слој се нанесува откако целосно ќе се исуши првиот слој, за што при нормални услови (T=+23-25 ºC, релативна влажност на воздухот =50-60 %) потребни се 4-6 ч. Потребно е да се работи рамномерно и без прекинувања на континуални површини со „полн ваљак“ за да се избегне групирање на полнилото на едно место. За повеќе информации погледнете го техничкиот лист на производот.

Температурни примени

Од +5°С до +30°С. Да не се работи под директно влијание на сонце, дожд и јак ветар.

Потрошувачка

Околу 0,4-0,45 kg/m2 во зависност од рапавоста и впивливоста на подлогата.

Рок на траење и складирање

До 18 месеци во оригиналната амбалажа. Да се чува на температура од +5°С до +25°С заштитено од сончева светлина и замрзнување.

Пакување

25kg.


DOWNLOAD: