BK-NIVELATOR

Подлога за површини кои нерамномерно впиваат

BK-NIVELATOR

Калкулатор на потрошувачка

Потребни Ви се kg од овој производ

ПРИМЕНА

Длабински премаз наменет за изедначување и неутрализација на површини кои впиваат нерамномерно, како што се гас бетон, тула, порозен камен итн. Се употребува како подлога кај површини кои имаат својство на високо впивање, пред да бидат малтерисани со цементо-варов малтер и гипсено-варов малтер, а со цел да се попречи нерамномерно сушење и пукање на малтерот, како и пред мазнење на такви површини со глет смеси.

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ

Подлогата на која се нанесува премазот мора да е цврста, сува и без прашина. BK-Nivelator се подготвува со разредување со вода во сооднос 1:6 до 1:10 (премаз:вода), во зависност од впивањето на подлогата. При употреба врз подлоги кои имаат својство на високо впивање, премазот се разредува помалку. Премазот се нанесува со користење на ваљак, со помош на четка или прскалка. Доколку се применува на површини со високо ниво на абсорпција, премазот може да се нанесе двапати, по принципот „мокро на мокро„. За подетални упатства да се погледне во техничкиот лист на производот.

ПРИМЕНА НА ПРОИЗВОДОТ НА ТЕМПЕРАТУРА

Од +5°C до + 30°C. Да не се работи директно на сонце, дожд ниту при силен ветер.

ПОТОШУВАЧКА

Околу 30-60 g/m2 , во зависност од впивањето на подлогата.

РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ

18 месеци спакуван во оригиналната амбалажа. Да се складира на температура од +5°C до +25°C, заштитен од сончевата светлина и замрзнување.

ПАКУВАЊE

10 kg; 20 kg