BK-Parket Fix

Еднокомпонентен лепак за паркет

BK-Parket Fix

Калкулатор на потрошувачка

Потребни Ви се kg од овој производ

ПРИМЕНА

Синтетички лепак на база на полимерна емулзија наменет за лепење на класичен и ламелиран паркет на цементна кошулица, бетонски подлоги и подлоги од дрво. Го карактеризира исклучително добра адхезија со подлогата и добра флексибилност.

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ

Подлогата на која се нанесува лепакот треба да е цврста, чиста, сува и без остатоци од стари масла или бои. Пред поставување на паркетот, подлогата да се грундира со BK-ParketFix разреден со околу 30 % вода. Влажноста на цементните подлоги да не биде поголема од 3 %, а влажноста на паркетот не повеќе од 8 %. Лепакот по потреба може да се разблажи со мало количество вода-до 1% со цел да се постигне соодветна конзистенција. Лепакот врз подлогата се нанесува со помош на назабена глетарка, во слој со дебелина 3-5 mm. Парчињата паркет или ламинат се положуваат на подлогата со добро притискање. Паркетот може да се бруси најскоро 24h после лепењето. За подетални упатства да се погледне во техничкиот лист за производот.

ПРИМЕНА НА ПРОИЗВОДОТ НА ТЕМПЕРАТУРА

Од +5°C do +25°C.

ПОТОШУВАЧКА

Околу 1-1,2 kg/m², зависно одвидот на подлогата.

РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ

12 месеци спакуван во оригиналната амбалажа. Да се складира на температура од +5°C до +25°C, заштитен од сончевата светлина и замрзнување. Датата на производство е втисната на амбалажата.

ПАКУВАЊE

5 kg; 8 kg; 25kg