BK-Podloga 1:3

Подлога за внатрешни ѕидови

BK-Podloga 1:3

Калкулатор на потрошувачка

Потребни Ви се l од овој производ

ПРИМЕНА

Концентрирана емулзија наменета за подобрување на адхезијата, изедначување и зацврстување на минералните и другите подлоги, пред нанесување на внатрешни бои, како и за премачкување на високо абсорбентни подлоги.

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ

Доколку се користи како прајмер пред нанесувањето на внатрешните дисперзивни бои и подготовката на површината за глетување, односот е BK-Подлогa 1:3:водa=1:3. Подлогата се нанесува со долго-влакнест ваљак или со прскање во еден слој (во случај на многу суви и впивливи површини нанесувањето може да се изврши два пати во рок од 2-3 часa). Времето потребно за сушење пред нанесувањето на бојата треба да биде најмалку 12 часа. За детални упатства погледнете го техничкиот лист на производот.

ПОТРОШУВАЧКA

Oколу 50-100 ml/m², во зависност од апсорпцијата и намената.

РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ

12 месеци во оригиналната амбалажа. Да се складира на температура од +5°C дo +25°C, заштитено од сончева светлина и замрзнување.

ПАКУВАЊE

1 л