BK-Pol

Дисперзија за внатрешни ѕидови

BK-Pol

Калкулатор на потрошувачка

Потребни Ви се kg од овој производ

ПРИМЕНА

Дисперзиона боја на база на висококвалитетна полимерна емулзија, наменета за внатрешна употреба. Има одлична моќ на прекривање и паропропусност, отпорна е на суво бришење.

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ

Пред употреба потребно е да се измеша масата и да се изврши хомогенизација на материјалите од различните серии и/или пакувања, а потоа да се изврши разредување на бојата со додаток на вода до 35% за првиот слој (1,75 l за пакување од 5l; 3,5 l за пакување од 10l; 5,25 l за пакување од 15l ), додека вториот слој може да се разреди до 25% (1.75 l за пакување од 5l, 2,25 l за пакување од 10l; 3,75 l за пакување од 15l). Површината врз која се нанесува бојата мора да е цврста, сува без слабо врзани делови, масни дамки и да е нанесена BK-Podlogа. Бојата вообичаено се нанесува со помош на ваљак со кратки влакна, во два слоја. Вториот слој се нанесува откако првиот целосно ќе биде исушен. За подетални упатства да се погледне во техничкиот лист за производот.

ПОТОШУВАЧКА

120-180 ml/m2 во два слоја, во зависност од рапавоста и апсорпцијата на подлогата.

РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ

18 месеци спакуван во оригиналната амбалажа. Да се складира на температура од +5°C до +25°C, заштитен од сончевата светлина и замрзнување.

ПАКУВАЊE

1 л; 3 л; 5 л; 10 л; 15 л