BK-PUR EPS KLEBER GUN

Полиуретанско лепило за EPS плочи - за пиштол

BK-PUR EPS KLEBER GUN

ПРИМЕНA

Еднокомпонентна нискоекспандирачка полиуретанска пена, посебно развиена за потребите за лепење на лесни изолациски материјали и декоративни елементи од стиропор. Пената има одлична структура и на температура од +5°C. Има одлична адхезија на бетон, гипс, ѕидови, дрво, стиропор, ПВЦ, вклучувајќи и модификувани битумени и сл. За високо ефективно лепење и монтажа на изолациски системи на вертикални конструкции.

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ

Се користи на суви површини без прашина. Покријте ги мебелот и останатите површини кои може да се извалкаат. При складирањето на ниски температури препорачуваме, пред користењето, дозата да биде еден час на собна температура.

УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА

Прицврстете ја дозата на пиштолот за апликацвија со NSB навој. Дозата треба добро да се протресе (минимум 30 пати). Со завртката за завртување одредете го потребното количество. При лепењето на плочите од стиропор, пената нанесете ја по работ на плочата со отстапување од 2-4 cm од работ и во рамките на контурите во последователни ленти со околу 30cm растојание помеѓу нив. Постапката повторете ја минимум со уште една лента во средината по должината на плочата. Препорачаната примена на наносот изнесува cca 3-4 cm. Ставете ја плочата на ѕидот и веднаш притиснете ја и израмнете ја со помош на долга даска. Површината на плочата може да се израмни до cca 6-10 минути од лепењето, во зависност од температурата на средината (на воздухот и подлогата). Зa детални упатства погледајте го техничкиот лист на производот. За отстранување на нестврднатата маса користете BK-PU Cleaner.

ВНИМАНИЕ!!!

Чистачот за PUR пена не смее да дојде во контакт со стиропор поради тоа што брзо го растопува! Стврднатата маса може да се отстрани само механички.

АПЛИКАЦИИ ТЕМПЕРАТУРА

Од +5 дo +35°C.

 РОК НА УПОТРЕБА И СКЛАДИРАЊЕ

Bо оригиналната амбалажа (со дното надолу!!!) на температура од +5°C do +25°C, 18 месеци од датумот на производство.

ПАКУВАЊE

825 ml