BK-PUR PREMIUM GUN

Полиуретанска пена со мала експанзија за монтирање - за пиштол

BK-PUR PREMIUM GUN

ПРИМЕНA

Пиштолската пена за канали е еднокомпонентна конструкциска полиуретанска пена посебно осмислена за потребите на максималната искористеност при помала експанзија со можност за користење на температури до +35°C. Oваа пена има одлична структура и при +5°C. Има одлична адхезија на бетон, гипс, ѕидови, стиропор, омекнат ПВЦ, печена тула и канали. Пополнување на пукнатини, поставување на рамки на прозорци и врати. Изолација на цевководи, прицврстување на изолатори и на заштитни цевки во ѕидовите, брза монтажа на покриви и поставување на покривни канали.

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ

Се користи на чисти површини без прашина и масти. Уредите и останатите површини покријте ги за да не се извалкаат. Пред нанесувањето препорачуваме сувите подлоги да ги натопите со вода со помош на распрскувач поради создавање на поквалитетна структура на пената. BK-Pur Premium Gun се користи така што се навртува лименката на пиштолот со NBS навртка. Дозата добро протресете ја (најмалку 30 пати). Големите фуги пополнете ги со повеќе слоеви и натопете ги помеѓу секој слој. Времето потребно да помине помеѓу два наноса на пена изнесува 15-30 мин. Дозирајте штедливо, волуменот на пената по нанесувањето се зголемува околу два пати, меѓутоа пената по конечното стврднување ја задржува својата форма. За чистење на пиштолот и за отстранување на остатокот од пената користете BK-PU Cleaner на пената додека е пената мека. Стврднатата пена може да се отстрани само механички. Не е отпорна на ултравиолетови зраци. Зa детални упатства погледајте го техничкиот лист на производот.

РОК НА УПОТРЕБА И СКЛАДИРАЊЕ

Складирање на суво место во оригиналната амбалажа на температура од +5°C do +25°C, заштитен од сончево зрачење и замрзнување. Рокот на употреба е втиснат на амбалажата.

ПАКУВАЊE

750 ml