BK-PUR PREMIUM

Полиуретанска пена со мала експанзија за монтирање

BK-PUR PREMIUM

ПРИМЕНA

Mонтажна пена за канали е еднокомпонентна конструкциска полиуретанска пена посебно осмислена за потребите на максималната искористеност при помала експанзија со можност за користење на температури до +35°C. Oва пена има одлична структура и при +5°C. Има одлична адхезија на бетон, малтер, ѕидови, стиропор, омекнат ПВЦ, печена тула и канали. Пополнување на пукнатини, поставување на рамки на прозорци и врати. Изолација на цевководи, прицврстување на изолатори и на заштитни цевки во ѕидовите, брза монтажа на покриви и поставување на покривни канали.

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ

Се користи на чисти површини без прашина и масти. Уредите и останатите површини покријте ги за да не се извалкаат. Пред нанесувањето препорачуваме сувите подлоги да ги натопите со вода со помош на распрскувач поради создавање на поквалитетна структура на пената. BK-Pur Premium пената се користи така што ќе го отстраните капакот и ќе ја навртите цевката за распрскување на врвот на контејнерот со пена. Пред примената дозата добро протресете ја (најмалку 30 пати). Големите фуги пополнете ги со повеќе слоеви и натопете ги помеѓу секој слој. Времето потребно да помине помеѓу два наноса на пена изнесува 15-30 мин. Дозирајте штедливо, волуменот на пената по нанесувањето се зголемува околу два пати, меѓутоа пената по конечното стврднување ја задржува својата форма. За чистење и за отстранување на остатокот од пената користете средство за чистење на пената BK-PU Cleaner додека е пената мека. Стврднатата пена може да се отстрани само механички. Зa детални упатства погледајте го техничкиот лист на производот.

РОК НА УПОТРЕБА И СКЛАДИРАЊЕ

Складирање на суво место во оригиналната амбалажа на температура од +5°C do +25°C, заштитен од сончево зрачење и мржнење. Рокот на употреба е втиснат на амбалажата.

ПАКУВАЊE

750ml