BK-PUR UNIVERSAL

Полиуретанска пена за монтaжа и лепење

BK-PUR UNIVERSAL

ПРИМЕНA

Еднокомпонентна монтажна пена, се стврднува со помош на влагата во воздухот. Се применува за споеви помеѓу ѕидови, плафони и подови, за кружни споеви околу прозори и врати. Има добра адхезија на бетон, тули, камен, малтер, дрво, метал и многу пластики како што се полистиренска пена, крута PU пена и PVC.

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ

Површината мора да биде цврста, чиста, без масти и масла. Покријте ги површините на кои не се нанесува пена. Се препорачува сувите подолги пред нанесување на пената, да се натопат со вода. Кога се ниски температурите, оставете ја пената најмалку еден час пред употреба на собна температура. Пред примената протресете го канистерот (најмалку 20 пати). Отстранете ја затката и на вентилот прицврстете го цевчето.

За нанесување на пената свртете го канистерот наопаку и притиснете го адаптерот. Шуплината исполнете ја до пола, а во случај на намалување на влажноста, пената лесно испрскајте ја со вода и таа ќе се рашири и ќе го пополни остатокот. За фиксирање на прозорски рамки, користете ги држачите со растојание и клинови за држење на рамка на место околу 24 часа, додека пената целосно не се стврдне. Споевите кои се пошироки и подлабоки од 4 cm треба да се исполнат во повеќе слоеви. Времето кое е потребно да помине помеѓу две нанесувања на пената е околу 15-30 мин. За чистење и отстранување на остатоците од пената употребете го чистачот на пена BK-PU Cleaner додека пената е сеуште мека. Стврднатата пена може да се отстрани само механички, а потоа површината може понатаму да се обработува со малтери или со акрилни заптивни маси.

Зa детални упатства погледајте го техничкиот лист на производот.

TEМПЕРАТУРА НА ПРИМЕНА

Oд +5°C дo +35°C.

РОК НА УПОТРЕБА И СКЛАДИРАЊЕ

Складирање на суво место во оригиналната амбалажа на температура од +5°C do +25°C, заштитен од сончево зрачење и замрзнување. Рокот на употреба е втиснат на амбалажата.

ПАКУВАЊE

250 ml, 500 ml, 750 ml