BK-SaniCid Express

Средство за отстранување на ѕидни алги и мувла

BK-SaniCid Express

Калкулатор на потрошувачка

Потребни Ви се l од овој производ

НАМЕНА

Течен биоциден производ за ефикасно отстранување на мувла, габички и бактерии, кој ја избелува површината на која се нанесува. Може да се користи на различни површини: ѕидови, плочки, керамика, фуги, малтер, цигли, камен, боја, пластика, акрил, силикон, гума, нерѓосувачки челик. Не треба да се користи на гипс, алуминиум, бакар, месинг, бронза, обоено и лакирано дрво. Ако се користи на нови невообичаени типови површини, дејството треба прво да се испроба на незабележливи површини. BK-SaniCid Expres освен во домаќинствата може да се користи и во објектите за јавно здравје, како и во други јавни и индустриски објекти, за третирање површини кои не доаѓаат во контакт со храна за луѓе и животни.

УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА

Свртете ја млазницата на прскалката во работна положба и секогаш по употреба заклучувајте ја прскалката со свртување на млазницата во положба – стоп. Со спрејот испрскајте ги проблематичните места од околу 15 цм оддалеченост и оставете да дејствува минимум 15 минути. По наведеното време, измијте ја третираната површина со вода. Не отстранувајте ја мувлата пред нанесување на препаратот и доколку има потреба, повторете ја постапката дури откако површината ќе се измие и исуши. Треба да избегнувате прекумерно нанесување со спрејот зашто третираните површини не смеат да бидат натопени, туку умерено напрскани.

КОРИСНИЦИ

Производот е наменет за општа намена, како и за професионални корисници.

РОК НА УПОТРЕБА И НАЧИН НА ЧУВАЊЕ

До 12 месеци во оригиналната амбалажа. Да се чува на температура од +5°C до +25°C, заштитена од сончева светлина и од смрзнување. Датумот на производство и бројот на шаржата се втиснати на амбалажата.

ОТСТРАНУВАЊЕ НА ПРОИЗВОДОТ И АМБАЛАЖАТА

Во согласност со локалните/регионалните/националните прописи.

ПРЕПОРАЧАНО СРЕДСТВО ЗА ГАСНЕЊЕ ПОЖАР

Смесата е корозивна за метали. При загревање или во случај на пожар може да дојде до создавање на отровни гасови. Средства за гаснење пожар: CO2, прав за гаснење, пена или воден спреј.

ПРЕВЕНТИВНА ЗАШТИТА

Препаратот да се користи во добро проветрени простории, не смее да се вдишува и не смее да дојде во контакт со кожата и очите. Треба да се користи заштитна маска за дишење, ако не е обезбедена адекватна вентилација. Ако почувствувате каква било иритација, престанете со употреба и веднаш напуштете ја просторијата, додека не се исуши површината. Носете соодветни ракавици и заштитна облека, отпорна на хемикалии.

ДЕКОНТАМИНАЦИЈА

Додека работите, ако станува збор за затворени простории, обезбедете добро проветрување. Во случај на излевање, спречете да се прошири. Избришете со апсорбирачки материјал за впивање течност (на пр. крпа, волна). Соберете ја разлеаната материја со апсорбирачки материјал: пилевина, дијатомејска земја, песок, универзално средство за сврзување, средство за сврзување киселини.

ПОТРОШУВАЧКА

Производот да не се користи во присуство на деца. 50ml/m2 во еден нанос, а за третирање на помали површини (10cm2)  до 5 притискања на пумпицата

ПАКУВАЊE

500 ml