BK-Sil

Фасаден малтер на силиконска база

BK-Sil

Калкулатор на потрошувачка

Потребни Ви се kg од овој производ

ПРИМЕНА

Висококвалитетен силиконски декоративен малтер во форма на паста, се карактеризира со добра паропропусност, исклучителна способност за обработување, водоотпорност и отпорност кон UV зрачење и атмосферски влијанија.

СТРУКТУРАТА НА МАЛТЕРОТ

Rajb (зарибана – rille) и Ful (полна – kratz).

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ

Подлогата врз која малтерот ќе биде нанесен мора да биде цврста, чиста, сува и премачкана со BK-Grund Universal подлога. Пред да биде нанесен, BK- Sil треба да се промеша и по потреба да се разблажи со мало количество вода до 1% (0,25 л вода). Малтерот да се нанесува со челична глетарка со дебелина на најкрупно зрно. Во зависност од саканата структура, малтерот потоа се обработува со пластична глетарка и тоа: Ful структура – веднаш по нанесувањето да се структурира со кружни движења, Rajb структура – кратко по нанесувањето да се структурира со кружни и прави движења додека не се постигне саканата структура. Врз континуални ѕидни површини, потребно е да се работи рамномерно и без прекини. За подетални упатства да се погледне во техничкиот лист за производот.

НАПОМЕНА

Доколку се работи врз континуални фасадни површини, нужно е содржината на материјалот од повеќе канти да се измеша, за да се постигне егализација на материјалот.

ПРИМЕНА НА ПРОИЗВОДОТ НА ТЕМПЕРАТУРА

Од +5°C до +30°C. Да не се работи по директно сонце, за време на дожд или силен ветер. Фасадата соодветно да се заштити со мрежи. Висок степен на влажност и ниски температури може да го продолжат времето на врзувањето на малтерот.

ПОТОШУВАЧКА

Околу 2.3-3.2 kg/m², во зависност од структура и гранулација.

РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ

18 месеци спакуван во оригиналната амбалажа. Да се складира на температура од +5°C до +25°C, заштитен од сончевата светлина и од смрзнување.

ПАКУВАЊЕ

25kg.