BK-Sunset

Декоративна боја со бисерен ефект за внатрешни ѕидови

BK-Sunset

Калкулатор на потрошувачка

Потребни Ви се l од овој производ

ПРИМЕНА

водоперива, акрилна боја наменета за декорација на внатрешните површини.Соодветни подлоги се сите површини израмнети со BK-GletEx Universal или BK-GletEx Acryl.

НИЈАНСИ

Сребро и Злато и S10. BK-Sunset Сребро и BK-Sunset Злато користат како бази за тонирање.

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ

Подлогата на која се нанесува бојата мора да биде цврста, чиста и сува. Пред нанесување на декоративната боја, глетуваните површини треба да се премачкаат со BK-Deco Acryl подлога (време на сушење е min. 6h). BK-Sunset е боја којашто е веќе подготвена за нанесување. Бојата се нанесува со помош на фарбарска четка, во еден или во два слоја, во зависност од ефектот кој сака да се постигне, а тоа најчесто е и завршен чекор, бидејќи четката врз ѕидот остава интересни шари. Доколку се работи врз континуални површини, бојата треба да се нанесува без прекин. BK-Sunset може да се нанесува и врз површини обоени со BK- Gold или со BK-Crystal.

ОПТИМАЛНА РАБОТНА ТЕМПЕРАТУРА

Е од +8°C до +30°C. Премазот е целосно исушен после 24h. За подетални упатства да се погледне во техничкиот лист за производот.

ПОТРОШУВАЧКА

Околу 100-130 ml/m² зависно од техниката на нанесување.

РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ

12 месеци спакуван во оригиналната амбалажа. Да се складира на температура од +5°C до +25°C, заштитен од сончевата светлина и замрзнување.

ПАКУВАЊE

1l.