SiproFix BK 155 Rapid White

Бело лепило за керамички и гранитни плочки со карактеристики за забрзано врзување за внатрешна и надворешна употреба.

SiproFix BK 155 Rapid White

Калкулатор на потрошувачка

Потребни Ви се kg од овој производ

ПРИМЕНА

Лепило на база на бел цемент со карактеристика на забрзано врзување, наменето за лепење на сите видови на керамички плочки со димензии до 120×80 cm, мермер, гранит, стаклени мозаик плочки, природен и вештачки камен на ѕидни, подни и фасадни површини, исклучиво на цврсти подлоги (бетон, малтери на база на цемент и вар), за надворешна и внатрешна употреба. Одлична адхезија, висока цврстина и отпорност на влага. Погодно за лепење на површини со веќе постоечки плочки, како и на подлоги со подно греење. Може да се користи за поплочување на базени и на други објекти исполнети со вода во системот со BK-HidroStop 2 хидроизолациски премаз. Не ја менува природната боја на керамичките облоги.

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ

Подлогата на која се нанесува лепилото мора да биде цврста, чиста, носечка, незамрзната, без слабоврзувачки делови, без остатоци од масла или од бои. Пред лепење на плочките се препорачува премачкување со BK-Bond подлога разредена според упатството со цел да се подобри адхезијата на лепакот. Подготовката се врши со додавање на прав во околу 6.75l вода зa 25kg со интензивно мешање додека не се постигне целосна хомогенизација. Масата оставете ја да одмори околу 5 мин., потоа измешајте ја уште еднаш за да се добие лепило со примерна густина. Лепилото се нанесува со помош на назабена глетарка со соодветна големина на запците така да минимум 65% од површината на плочките треба да биде покриена со лепилото (во случај на внатрешна употреба), а минимум 90% (во случај на надворешна употреба). Големината на запците зависи од димензиите на плочките (оптимално 4-6 mm за плочки со големина 10-25 cm). Плочките се втиснуваат во слојот лепило на подлогата, а доколку е површината нерамна или ако се плочките со поголем формат лепилото се нанесува и на плочката. Плочките треба да се редат додека е свежо лепилото (пред формирање на коричка). Во случај на лепење на мермер и на други видови на камен, подложни на промена на боја, oблогата никако не смее да се потопува во вода, а се препорачува да се изврши и пробно нанесување на лепилото. За подетални упатства видете го техничкиот лист на производот.

ОПТИМАЛНИ ВРЕМЕНСКИ УСЛОВИ

температура на подлогата и на воздухот +5°C дo +25°C.

ВРЕМЕ НА УПОТРЕБА

oколу 40 минути по мешањето, во зависност од температурата. Брзо врзувачко, подготвено за фугирање со бела фуг маса по 8-10 ч сушење, фугирање со други бои најрано по 24 ч сушење на нормални услови (T=23-25°C, р.в.в. 50-60 %).

ПОТРОШУВАЧКА

околу 3-5 kg/m², во зависност од подлогата и дебелината на нанесувањето.

РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ

12 месеци во оригиналната амбалажа во сув простор подигнато на палети. Дата на производство е втисната во амбалажата.

ПАКУВАЊE

25kg