SiproFix BK 170 Elastic

Високо флексибилно лепило за керамички и гранитни плочки за внатрешна и надворешна употреба

SiproFix BK 170 Elastic

Калкулатор на потрошувачка

Потребни Ви се kg од овој производ

ПРИМЕНА

За лепење на керамички плочки со димензии до 120×100 cm, мермер, гранит, природен и вештачки камен на ѕидни, подни и фасадни површини, исклучиво на цврсти подлоги (малтери на база на цемент, вар и бетон), за надворешна и внатрешна употреба. Производот се карактеризира со одлична адхезија, висока цврстина, флексибилност и отпорност на влага. Погодно е за лепење на плочки со ниска апсорпција (E ≤3%) како и на плочки со големи димензии на деформабилни површини и при поставување на површини со веќе постоечки плочки. Погодно за употреба во бањи, кујни, базени, балкони, тераси и систем за подно греење.

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ

Подлогата врз која се нанесува лепакот треба да е цврста, чиста, носечка, да не биде замрзната, без нечистотии и остатоци од масла или бои. Пред лепењето на плочки се препорачува премачкување со BK-Ultra Prime на подлогата со цел подобрување на адхезијата на лепилото. За постигнување на оптимални резултати при лепењето на плочки на слабо апсорбирачки површини, како и при лепење плочка на плочка да се користи во комбинација со BK-Bond прајмер.
Подготовката се врши со додавање на 25kg прав во околу 6.75l вода со интензивно мешање до целосна хомогенизација. Смесата да одстои 10-тина минути, а потоа пак да се промеша за да се добие соодветна густина на лепакот. Лепакот се нанесува со назабена глетарка со соодветна големина на запци, така што минимум 65% од површината на плочката да биде покриена со лепак (за внатрешна употреба), а минимум 90% (за надворешна употреба). Големината на запците зависи од димензија на плочките (оптимално 4-6 mm за плочки со димензија 10-25 cm). Плочките да се втиснат во слој од лепак врз подлогата, a доколку се работи за нерамна површина, треба да се нанесе лепак и на плочките за да се постигне рамнење. Високо впивливи и порозни плочки, пред да се постават, треба да се навлажнат. Вишокот лепак да се отстрани со влажен сунѓер, а стврднатите делови да се отстранат по механички пат. Вишокот лепак од фугите отстранете го механички. За подетални упатства да се погледне во техничкиот лист за производот.

ОПТИМАЛНИ ВРЕМЕНСКИ УСЛОВИ:

Температура на подлогата и на воздухот да биде +5°C до +25°C.

ОТВОРЕНО ВРЕМЕ ЗА РАБОТА

Околу 30 минути (зависно од подлогата и атмосферските услови).

МОЖЕ ДА СЕ ФУГИРА ПО

24ч. при сушење на оптимални услови (23°C и 50-60% р.в.в.).

ПОТРОШУВАЧКА

Околу 3-5 kg/m², во зависност од подлогата и од дебелината на нанесувањето.

РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ

12 месеци во оригиналната амбалажа во сув простор на палети.

ПАКУВАЊE

25 кг