SiproFix BK 110 Flex

Флексибилно лепило за керамички плочки за внатрешна и надворешна употреба.

SiproFix BK 110 Flex

Калкулатор на потрошувачка

Потребни Ви се kg од овој производ

Примена

За лепење на керамички плочки (апсорбирачки и слабо апсорбирачки со димензии до 60x60 cm), gres плочки, мозаици, мермер, гранит, природен и вештачки камен врз ѕидни, подни и фасадни површини, исклучиво врз цврсти подлоги ( бетон, малтери на база на цемент и вар ), за надворешна и внатрешна употреба. Одлична адхезија, висока цврстина, флексибилност и отпорност на влага. Погодно за употреба во бањи, кујни, балкони, тераси и систем со подно греење.

Подготовка и нанесување

Подлогата врз која се нанесува лепакот треба да е цврста, чиста, носечка, да не биде замрзната, без нечистотии и остатоци од масла или бои. Пред лепењето на плочки се препорачува премачкување со BK-Ultra Prime на подлогата со цел подобрување на адхезијата на лепилото. За постигнување на оптимални резултати при лепењето на плочки на слабо апсорбирачки површини, како и при лепење плочка на плочка да се користи во комбинација со BK-Bond прајмер. Подготовката се врши со додавање на 25kg прав во околу 6.75l вода со интензивно мешање до целосна хомогенизација. Смесата да одстои 10-тина минути, а потоа пак да се промеша за да се добие соодветна густина на лепакот. Лепакот се нанесува со назабена глетарка со соодветна големина на запци, така што минимум 65% од површината на плочката да биде прекриена со лепак (за внатрешна употреба), а минимум 90% (за надворешна употреба). Големината на запци зависи од димензија на плочките (оптимално 4-6 mm за плочки со димензија 10-25 cm). Плочките да се втиснат во слој од лепак врз подлогата, a доколку се работи за нерамна површина, треба да се нанесе лепак и на плочките за да се постигне рамнење. Плочки со високо ниво на впивање и порозни плочки, треба да бидат навлажнети пред да се постават. Вишокот лепак да се одстрани со влажен сунѓер, а стврднати делови да се одстранат по механички пат. Вишокот на лепилото во фугите отстранете го по механички пат. За подетални упатства да се погледне во техничкиот лист за производот.

ОПТИМАЛНИ ВРЕМЕНСКИ УСЛОВИ

температура на подлогата и на воздухот да биде +5°C до +25°C.

ОТВОРЕНО ВРЕМЕ ЗА РАБОТА

околу 20 минути (зависно од подлогата)

MOЖНОСТ ЗА ФУГИРАЊЕ

по 24 h.

ПРОЦЕНКА ЗА ПОТРОШУВАЧКА НА МАТЕРИЈАЛОТ

околу 3-5 kg/m², во зависност од подлогата и дебелината на нанесувањето.

РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ

12 месеци во оригиналната амбалажа во сув простор на палети. Дата на производство е втисната во амбалажата.

ПАКУВАЊE

25 kg.