SiproFix BK 110

Лепило за керамички плочки за внатрешна и надворешна упораба.

SiproFix BK 110

Калкулатор на потрошувачка

Потребни Ви се kg од овој производ

ПРИМЕНА

За лепење на керамика врз ѕидни, подни и фасадни површини, исклучиво врз цврсти подлоги ( бетонр малтери на база на цемент и вар ), за надворешна и внатрешна употреба. Се користи за лепење на апсорбирачки и слабо апсорбирачки керамички плочки со димензии до 60x60 cm. Погодно за употреба во бањи, кујни, балкони, тераси.

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ

Подлогата врз која се нанесува лепакот треба да е цврста, чиста, носечка, да не биде замрзната, без нечистотии и остатоци од масла или бои. Пред лепењето на плочки се препорачува премачкување со BK-Ultra Prime на подлогата со цел подобрување на адхезијата на лепилото. Подготовката се врши со додавање на 25 kg прав во околу 6.5l вода со интензивно мешање до целосна хомогенизациа. Смесата да одстои 10-тина минути, а потоа пак да се промеша за да се добие соодветна густина на лепакот. Лепакот се нанесува со назабена глетарка со соодветна големина на запци, така што минимум 65% од површината на плочката да биде прекриена со лепак (за внатрешна употреба), а минимум 90% (за надворешна употреба). Големината на запци зависи од димензија на плочките (оптимално 4-6 mm за плочки со димензија 10-25 cm). Плочки со високо ниво на впивање и порозни плочки, треба да бидат навлажнети пред да се постават. Вишокот лепак да се одстрани со влажен сунѓер, а стврднати делови да се одстранат по механички пат. За подетални упатства да се погледне во техничкиот лист за производот.

ТЕМПЕРАТУРА ПРИМЕНЕ

температура на подлогата и на воздухот да биде +5°C до +25°C.

ОТВОРЕНО ВРЕМЕ ЗА РАБОТА

околу 30 минути (зависно од подлогата)

MOЖНОСТ ЗА ФУГИРАЊЕ

по 24 h.

ПОТРОШУВАЧКА

околу 3-5 kg/m², во зависност од подлогата и дебелината на нанесувањето.

РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ

12 месеци во оригиналната амбалажа во сув простор на палети. Дата на производство е втисната во амбалажата.

ПАКУВАЊЕ

5; 25 kg