SiproFix BK 160 Super Flex

Флексибилно лепило за керамички и гранитни плочки за внатрешна и надворешна упораба

SiproFix BK 160 Super Flex

Калкулатор на потрошувачка

Потребни Ви се kg од овој производ

ПРИМЕНА

За лепење на керамички плочки со димензии до 120×80 cm, мозаици, мермер, гранит, природен и вештачки камен на ѕидни, подни и фасадни површини, исклучиво на цврсти подлоги (бетон, малтери на база на цемент и вар), за надворешна и внатрешна употреба. Производот се карактеризира со одлична адхезија, висока цврстина, флексибилност и отпорност на влага. Погоден е за лепење на плочки со ниска впивливост/апсорбција (E ≤ 3%) и плочки со големи димензии (до 80cm). Погодно за употреба во бањи, кујни, балкони, тераси и на подлоги со подно греење.

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ

Подлогата врз која се нанесува лепакот треба да е цврста, чиста, носечка, да не биде замрзната, без нечистотии и остатоци од масла или бои. Пред лепењето на плочки се препорачува премачкување со BK-Ultra Prime на подлогата со цел подобрување на адхезијата на лепилото. За постигнување на оптимални резултати при лепењето на плочки на слабо апсорбирачки површини, како и при лепење плочка на плочка да се користи во комбинација со BK-Bond прајмер.

ПОДГОТОВКА

Подготовката се врши со додавање на 5kg прав во околу 1.35l вода; 25kg прав во околу 6.75l вода со интензивно мешање до целосна хомогенизација. Смесата да одстои 10-тина минути, а потоа пак да се промеша за да се добие соодветна густина на лепакот. Лепакот се нанесува со назабена глетарка со соодветна големина на запци, така што минимум 65% од површината на плочката да биде покриена со лепак (за внатрешна употреба), а минимум 90% (за надворешна употреба). Големината на запците зависи од димензија на плочките (оптимално 4-6 mm за плочки со димензија 10-25 cm). Плочките да се втиснат во слој од лепак врз подлогата, a доколку се работи за нерамна површина, треба да се нанесе лепак и на плочките за да се постигне рамнење. Високо впивливи и порозни плочки, пред да се постават, треба да се навлажнат. Вишокот лепак да се отстрани со влажен сунѓер, а стврднатите делови да се отстранат по механички пат. Вишокот лепак од фугите отстранете го механички. За подетални упатства да се погледне во техничкиот лист за производот.

ОПТИМАЛНИ ВРЕМЕНСКИ УСЛОВИ

температура на подлогата и на воздухот да биде +5°C до +25°C.

ОТВОРЕНО ВРЕМЕ ЗА РАБОТА

околу 30 минути (зависно од подлогата и атмосферските услови).

МОЖЕ ДА СЕ ФУГИРА ПО

24ч. при сушење на оптимални услови (23°C и 50-60% р.в.в.).

ПОТРОШУВАЧКА

околу 3-5 kg/m², во зависност од подлогата и од дебелината на нанесувањето.

РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ

12 месеци во оригиналната амбалажа во сув простор на палети.

ПАКУВАЊE

5 kg; 25 kg