SiproFix BK 90

Лепило за керамички плочки за внатрешна упораба.

SiproFix BK 90

Калкулатор на потрошувачка

Потребни Ви се kg од овој производ

ПРИМЕНА

За лепење на керамички плочки на ѕидни и подни површини, исклучиво врз цврсти подлоги (бетон, малтери врз база на цемент и вар ), за внатрешна употреба, со одлично прилегање и со висока цврстина.

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ

Подлогата врз која се нанесува лепакот треба да е цврста, чиста, носечка, да не биде смрзната, без нечистотии и остатоци од масла или бои. Пред лепење на плочките се препорачува премачкување со BK-Ultra Prime подлога со цел да се подобри адхезијата на лепакот. Подготовката се врши со додавање на 25kg прав во околу 6.5l вода со интензивно мешање до целосна хомогенизација. Смесата треба да одстои 10-тина минути, а потоа пак да се промеша за да се добие соодветна густина на лепакот. Лепакот се нанесува со назабена глетарка со соодветна големина на запци, така што минимум 65% од површината на плочката да биде покриена со лепак. Големината на запци зависи од димензија на плочките (оптимално 4-6 mm за плочки со димензија 10-25 cm). Плочките да се втиснат во слој од лепак на подлогата, a доколку се работи за нерамна површина, лепакот се нанесува и на плочките и на тој начин се постигнува рамнење. Плочки со високо ниво на впивање и порозни плочки, треба да се навлажнат пред да се постават. Вишокот лепак да се одстрани со влажен сунѓер, а стврднатите делови да се одстранат по механички пат. За подетални упатства да се погледне во техничкиот лист за производот. Температура применe: температура на подлогата и на воздухот да биде +5°C до +25°C.

ОТВОРЕНО ВРЕМЕ ЗА РАБОТА

околу 20 минути (зависно од подлогата) 

MOЖНОСТ ЗА ФУГИРАЊЕ

по 24 h.

ПОТРОШУВАЧКА

околу 3-5 kg/m², во зависност од подлогата и дебелината на нанесувањето.

РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ

12 месеци во оригиналната амбалажа во сув простор на палети. Дата на производство е втисната во амбалажата.

ПАКУВАЊЕ

25 kg